Македонија
Демократски сојуз бара да се преиспитаат мерките: „Се создава метеж во маркетите, аптеките и банките“
Демократскиот сојуз предлага Кризниот штаб најитно да направи теренска анализа на мерките со кои се предвидува за возрасните на 67 години да можат да се движат од 10 до 12 часот и за сите забраната на движење од 16 часот, поради тоа што пред банките, аптеките, продавниците за леб, храна и заштитни средства на отворените пазари се создава метеж, а луѓето не се одалечени повеќе од два метра еден од друг и не се носат маски и ракавици.
Од Демократскиот сојуз велат дека наместо дистанца која го ограничува ширењето на вирусот, со метежот што се создава и блиските контакти објективно можно е ширење на коронавирусот и загрозување на здравјето на граѓаните.
„Очекуваме Комисијата за заразни болести непосредно да ги процени ефектите од мерките кои ги предлага и да предложи корекции на истите доколку не ги даваат очекуваните резултати“, велат од партијата.
Инаку, Демократскиот сојуз ги повикува граѓаните доследно да ги почитуваат мерките на здравствените власти и Владата насочени кон спречување на ширење на епидемијата и заштита на здравјето на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

