Македонија
Советничка група до Шилегов: Гужвата во јавниот превоз е потенцијална бомба за ширење на заразата
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје соопшти дека „изразува згрозеност од популизмот и голото политиканство на Петре Шилегов“.
„Тој од обично монтирање на болнички шатори прави фама и нема ден, а да не се слика пред еден од нив. Па така правеше пи-ар кога кажа дека ќе се рушат бараките до Инфективната клиника, потоа правеше пи-ар кога го израмнија платото од дури половина квадратен километар, па потоа прави пи-ар кога ги поставија шаторите од привремената болница која патем е донација добиена во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Кога снегот ги сруши шаторите од болницата прескокна со пи-ар неколку дена, за да овие денови повторно се наврати на истата тема, промовирајќи шатор по шатор. И додека Петре е фрлен на пи-ар Скопје е фрлено на милост и немилост на пандемијата со корона и е со најголем број заразени.И дека позерот Шилегов прави пи-ар од шатори потенцијалната бомба е во гужвата во автобусите на ЈСП. Премногу е“, се вели во соопштението на Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.
„Ако поради состојбата не ги коментираме детските игри на Шилегов, и се воздржуваме од критика, тоа не значи дека Шилегов може да ја навредува интелигенцијата на скопјани. Доста е позирање пред болничките шатори, Шилегов да се фати за суштинска работа, гужвата во јавниот превоз кој е потенцијална бомба за ширење на заразата. Тоа останува нерешлива енигма на градскиот татко кој е посветен на популизам а не ги решава потенцијалните жаришта кои се во негова надлежност. Доста позирање фати се за суштинска работа“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

