Топ
„Застава“ удри во четворица малолетници – загина четиригодишно дете

Четиригодишно дете загина во тешка сообраќајна несреќа во Струмичко, кога возач изгубил контрола и удрил во четворица малолетници, по што завршил во електричен столб.
Како што информира полицијата, несреќата се случила вчера околу 14.10 часот пред здравствена амбуланта во с.Банско, Струмичко, М.Н.(25) кој возел „застава“, изгубил контрола и удрил во четири малолетни лица на 4, 9, 14 и 17 години од селото Банско, а потоа во електричен столб.
По незгодата возачот и пешаците биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, при што кај четиригодишникот од лекар била констатирана смрт, а со тешки телесни повреди се здобил 14-годишниот пешак. Кај возачот и другите двајца малолетници се констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожарот во Влае се става под контрола, нема информации за повредени или настрадани

Пожарот на опожарените бараки во Влае се става под контрола, извести ДЗС. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на БППЗ Скопје под водство на командантот на единицата Звонко Томовски.
Нема информации за повредени или настрадани лица.
Македонија
(Видео) „Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен“, вели Манасиевски

„Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен. Преку свиркачи добивме информација за која СДС и Димова треба да одговорат, а тоа дека еден од проектите на фризерницата, која има добиено 270 илјади евра преку ‘Еразмус+’, бил првенствено одбиен, па потоа одобрен“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали е точна информацијата дека раководителката на одделението за буџетска контрола во ‘Еразмус+’, Маја Колеќеска, вработена од страна на Лидија Димова, лично интервенирала за овој проект?
Ако е точна оваа теза, треба да се постави и прашањето – зошто фирмата на Златковски, „В.Е.З. трејд“, била одбиена, па потоа прифатена? Дали блискоста на триото Колеќеска – Димова – Златковски довело до злоупотребување на службената положба и грантот од одбиен, станал одобрен.
Исто така, дали овој проект бил пониско рангиран од другите, кои имале повеќе бодови, меѓутоа бил одобрен поради блискоста на Димова и Златковски, која можеме да ја видиме на оваа фотографија?
Лицемерно е СДС да зборува за криминал и корупција кога тие се предвесници на криминалот и корупцијата. За СДС никогаш нема одговорност, затоа што тие купуваат судии, потплаќаат обвинители, даваат грантови на професори и нивни активисти.
Затоа, народот, кога ќе ја слушне кратенката СДС, првата асоцијација му е криминал и корупција“, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Несреќа на патниот правец Македонска Каменица – Делчево, сообраќајот во целосен прекин

Денеска, околу 11:25 часот, на патниот правец Македонска Каменица – Делчево се случи сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Поради незгодата, сообраќајот е во целосен прекин.