Спорт
Не очекува премиерлигашко лето – четири меча дневно на „Вембли“?
Премиер лигата наводно ќе стане „ТВ настан“ во јуни или јули поради корона вирусот, со натпревари на секои четири дена, тврди британскиот весник „Тајмс“.
Повеќето клубови имаат уште девет преостанати натпреваи пред крајот на сезоната, и сите сакаат таа да се комплетира бидејќи од тоа зависат огромните средства кои ги добиваат преку ТВ-правата. Според извори на „Тајмс“ од Премиер лигата, се верува дека кога фудбалот ќе се врати, ќе се игра само како „ТВ настан“ со четири натпревари дневно на „Вембли“ во специјални услови.
Засега, нема официјален датум кога ПЛ би можела да се врати бидејќи Велика Британија уште е во карантин. Повеќето клубови се обидуваат да склучат договори за намалување на платите на фудбалерите, но засега преговорите не одат најдобро и досега само Вест хем и Саутемптон успеаја да склучат вакви договори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Зидан „објасни“ зошто Чаби Алонсо доби отказ
Зинедин Зидан се осврна на својот успешен престој во Реал, во време кога клубот се соочува со нови промени на клупата. Францускиот стручњак, кој освои три Лиги на шампиони и две титули во шпанското првенство со Реал Мадрид, ги сподели своите мисли кратко откако клубот го отпушти Чаби Алонсо и го замени со Алваро Арбелоа.
„Во Реал Мадрид, бевме достапни за играчите. За мене, тоа е она што прави нешто силно; вие сте тука за играчот. Ако не го разбирате тоа, не можете да преживеете во оваа професија. Ние сме тука за да ги поддржиме; мора да покажете дека сте тука за нив. За соблекувалната да прифати она што сакате да го имплементирате, тие мора да нè сакаат.
Ако играчите не се согласуваат со сè што ќе поставите, тренинзите, сè тоа… секогаш ќе недостасува нешто. Мислам дека тие навистина уживаа со нас на сите нивоа. Всадивме многу самодоверба кај играчите.
Поминаа низ малку тежок период и требаше да ја вратат самодовербата, формата, сè. Поставивме рамка за да го вратиме сè. Кога играчот е натпреварувачки расположен, среќен што тренира и излегува да игра натпревари, сигурно ќе ги освоите сите три Лиги на шампиони“, рече Зидан на YouTube каналот на Хамиду Мсаиди, член на неговиот поранешен стручен штаб.
Foto/ depositphotos
Спорт
Дониел Мален во Рома
Холандскиот напаѓач Дониел Мален беше претставен во Рома како позајмен играч од Астон Вила до крајот на оваа сезона. Клубот од главниот град на Италија му плати два милиони евра на поранешниот европски шампион за ангажманот на холандскиот репрезентативец.
Сепак, клубот од Бирмингем може да очекува 25 милиони евра од Рома, што е многу поголема „втора рата“, бидејќи е потпишан договор со задолжителна откупна клаузула, доколку Рома избори пласман во Лигата на шампионите или Лига Европа.
Бидејќи тимот на тренерот Џан Пјеро Гасперини е на петтото место (води во ЛЕ) со пет бода пред Комо по 20-то од 38 кола, речиси е сигурно дека клаузулата за откуп ќе биде активирана по завршувањето на сезоната.
Мален, професионално деби го имаше во ПСВ, каде што постигна 40 гола на 81 натпревар во сите натпреварувања. Остана во Ајндховен од 2018 до 2021 година и се пресели во Дортмунд. Тој помина четири сезони во дресот на Борусија, постигнувајќи 30 гола на 94 натпревари во жолтиот дрес. Последната сезона ја помина во Вила, каде што постигна седум гола (три од нив во Лигата на Европа) на 35 натпревари.
Репрезентативецот на Холандија симболично избра да го носи бројот 14 на грбот, во својот нов клуб, како јасна алузија на легендарниот Јохан Кројф.
✍️ Donyell Malen è un nuovo calciatore giallorosso! 🐺
📄 https://t.co/pSKnxvPbTr#ASRoma pic.twitter.com/CnlBCCta8M
— AS Roma (@OfficialASRoma) January 16, 2026
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Спектакуларна презентација на болидот на Ред Бул
Ред Бул го претстави автомобилот за претстојната сезона на спектакуларен начин.
Во Детроит, на Централната станица во Мичиген, чешкиот пилот Мартин Шонка, кој направи кариера во акробатски летови, маневри со кобра во екстремно ладни временски услови и со брзина од 200 километри на час, го претстави новиот автомобил на Ред Бул.
„TB22“ е еден вид почит кон автомобилот од 2005 година, кога Ред Бул се врати во шампионатот во Формула 1.
2026 livery, cleared for takeoff ✈️#F1 || #GivesYouWiiings pic.twitter.com/PKRVe9SZOi
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) January 16, 2026
Спектакуларното откривање на автомобилот е вовед во сезона која ќе биде историска за Ред Бул, тимот ќе ги прави и автомобилот и погонската единица во соработка со „Форд“.
A fresh coat of paint for a brand-new era 🎨@FordRacing || #RedBullRacing pic.twitter.com/C4obLVXHI4
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) January 16, 2026
Ред Бул смисли спектакуларен начин да му го покаже на светот автомобилот во кој Макс Ферстапен ќе се обиде да ја врати шампионската титула.
Новата сезона во Формула 1 започнува во Австралија на 8 март.

