Македонија
Препораки за пациенти со бубрежни заболувања, дијализа и трансплантиран бубрег

Коронавирусот може да претставува сериозна закана за пациентите со бубрежни заболувања, особено за пациентите што се на дијализа или имаат трансплантиран бубрег.
За таа цел, од Универзитетската клиника за нефрологија изготвени се препораки за пациентите со бубрежни заболувања вклучувајќи ги пациентите на дијализа (перитонеална или хемодијализа) и пациентите со трансплантиран бубрег.
Сите пациенти треба да продолжат да си ја земаат терапијата во препишаните дози вклучувајќи ги и антихипертензивните лекови од групата на АКЕ-инхибитори ако нивните доктори не препорачаат поинаку. Пациентите на хемодијализа може да развијат поблаги симптоми во однос на другите пациенти со инфекција на коронавирус. Трансплантираните пациенти треба да ги преземат и сите неопходни мерки за превенција дадени за општата популација.
За пациетите на хронична хемодијализна програма наменети се следните препораки:
– Пациентите што имаат треска, висока температура или респираторни симптоми (кашлица, отежнато дишење) претходно треба да се најават во своите дијализни центри пред да пристигнат, каде што ќе бидат прегледани во посебна просторија независна од салата каде што се води дијализата и ќе им се земат анализи за Ковид-19. Овие пациенти се дијализираат во издвоена просторија од другите пациенти во тек на 14 дена.
– Во однос на местото за дијализирање, процесот на дијализирање на пациентите со суспектна корона-инфекција треба да продолжи во истиот центар, односно да не се препраќаат во други центри.
– Во однос на транспортот на пациенти, заради намалување на ризикот од проширување на инфекцијата од евентуално заразен пациент со Ковид-19, пациентите што доаѓаат до центарот за дијализа и од центарот кон местото на живеење, ќе бидат транспортирани во преполовен број, односно во такси-возило најмногу двајца пациенти, а во комбе најмногу четворица. Сите пациенти потребно е да носат заштитна маска (по можност хируршка), а исто така и возачот.
– За понатамошен третман, пациентите со потврдена инфекција со Ковид-19 ќе бидат упатени во специјализирана болница за третман на инфицирани пациенти.
За пациентите кај кои е извршена трансплантација наменети се следните препораки:
– Доколку трансплантираните пациенти почувствуваат симптоми, како покачена температура, треска и кашлица, потребно е првин да се јават телефонски на Клиниката за нефрологија (контакт-телефон 070 387 054), со цел да се избегне контакт со други пациенти и да се спречи потенцијалното ширење на инфекцијата.
– Пациентите што се вратени од странство треба да поминат 14-дневна изолација, како што важи и за општата популација.
– Пациентите со трансплантиран бубрег на Клиниката за нефрологија, кои ќе имаат потреба од друг каков било третман, ќе бидат сместени во соба за изолација независно од другите пациенти.
– Пациентите што треба да се јават во болница или институт за каков каков третман или земање брис за Ковид-19, потребно е да носат заштитни маски.
Во услови на прогласена пандемија на вирусот Ковид-19 научните сознанија покажуваат дека одредени групи пациенти со придружни заболувања (дијабетес, хипертензија, кардиоваскуларни, бубрежни заболувања) се почувствителни на Ковид-19 и може да развијат посериозно заболување. Токму затоа, од исклучителна важност е почитувањето на стручните препораки за заштита и превенција од вирусот:
– мијте ги рацете почесто користејќи сапун, најмалку 20 секунди;
– користете средство за дезинфекција со 60 отсто алкохол доколку немате сапун;
– не допирајте ги носот, очите и устата;
– држете дистанца од другите луѓе од најмалку 1,5 – 2 метра;
– кога кашлате или кивате, користете марамче или во свиткан лакот;
– не допирајте предмети кога се движите надвор;
– излегувајте само по неопходни работи и кратко;
– останете дома и заштитете се себеси и дтугите во заедницата.
Според досегашните сознанија, од пациентите што развиваат сериозна инфекција на коронавирус и имаат потреба од хоспитализација, бубрежни нарушувања се регистрирани кај 25-50 отсто од нив, а се манифестираат со поголема екскреција на протеини и црвени крвни клетки во урината. Само мал процент од пациентите (<15 отсто) развиваат намалување во функцијата на бубрезите, односно акутно бубрежно оштетување. Досега не е евидентирано долгорочно оштетување кај пациентите што се излекувале од тешка форма на корона-инфекцијата со последици на бубрежната функција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се шири лажна наградна игра поврзана со Лидл, компанијата апелира граѓаните да бидат внимателни

Компанијата Лидл информира дека на социјалните мрежи, односно на Фејсбук и Инстаграм, се шири лажна наградна игра во која се наведува дека се доделуваат брендирани мини фрижидери. Во објавата се бара од корисниците да кликнат на линк, да пополнат анкета и да учествуваат во наградна игра.
„Ја известуваме јавноста дека оваа наградна игра не е организирана од Лидл, ниту има каква било поврзаност со нашата компанија.
Апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да не внесуваат лични податоци на непроверени линкови, со цел да се заштитат од можни злоупотреби.
Сите официјални информации за наградни игри, промоции и активности, компанијата, кога ќе почне со работа со маркети во Северна Македонија, ќе ги објавува исклучиво преку официјална интернет-страница и преку официјалните канали на социјалните мрежи за што јавноста ќе биде навремено известена“, велат од Компанијата Лидл.
Македонија
Стопирана изградбата на објектот во охридската чаршија, инвеститорот немал одобрение

Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам направи вонредна контрола на објектот во изгрaдба во Старата охридска чаршија, односно во заштитетната зона на Старото градско јадро во Охрид.
Од Министерството за транспорт соопштија дека констатирано е прекршување на одредбите од Законот за градење, односно инвеститорот вршел градежни активности без Одобрение за градење за конкретниот објект.
„Во рамки на своите законски надлежности Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам донесе решение број ИП 1бр 74-137 од вонреден инспекциски надзор со кое се стопира изградбата и го затвора објектот за понатамошни градежни активности. Против инвеститорот ќе се поднесат соодветни пријави согласно законските прописи“, се наведува.
Од Министерството велат дека заштитата на Старото градско јадро на Охрид е со цел со цел да се спречат дејства, појави и влијанија со коишто може да настане оштетување, неповратно изменување, уништување или деградирање на споменичната целина.
Старото градско јадро на Охрид е составен дел од доброто заштитено како „Охридско природно и културно-историско подрачје од 1978 година, како и од „Природно и културно наследство на Охридскиот Регион“, впишано на Листата на светско наследство на УНЕСКО во 1980 година.
Македонија
Акиов: Не сум гомнар туку борец за правда, чашата беше прелеана од советникот Алексов

Советникот Аки Акиов од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) преку социјалните мрежи по насилниот инцидент порача дека тој не е „гомнар“, туку борец за правда.
„По однос на видеото од денешната седница на совет во о.Кочани кое актуелно циркулира на социјалните мрежи каде притоа јас со моето однесување сум окарактеризиран и јавно осуден за главен виновник во деградацијата на функцијата советник Ром, сакам да изјавам дека:
1. Правото на говор на советниците е непречено право по деловник за работа на советите во општините во Р.С Македонија. Некултурно, крајно неодговорно, нехумано и деградирачки е постојано да се прави хистерија во советничката сала преку урлање, барање паузи, дофрлување навреди на лична основа среде секое мое излагање на вистината што на ВМРОВЦИТЕ не им иде во прилог.
2. Немањето емпатија со родителите на загинатите деца како и самосвест и доблест за признавање а не префрлање вина за трагедијата повторно заради истата цел – да се зачува политичкиот рејтинг пред локалните избори на ВМРО е голема срамота. Денес чашата беше прелеана од советникот Алексов кој што го испровоцира целиот настан својствено за него.
Јас не калкулирам со мојот авторитет и рејтинг. Јас не сум ,,Гомнар”, јас сум борец за правда.
На Правничката од о.Кочани јавно и се извинувам за ненамерно нанесената повреда“, напиша Акиов.
Акиов и советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васе Алексов првин влегоа во вербална конфронтација, по што Акиов замавна со пластично шише полно вода кое заврши во главата на вработена во општината.