Свет
Трамп тврди дека не задоцнил со одговорот на коронавирусот: „Медиумите и демократите шират лажни вести“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги отфрли критиките дека неговиот одговор на заканата од коронавирус бил задоцнет нарекувајќи ги ваквите тврдења лажни вести пласирани од страна на демократите и медиумите.
Трамп објави на „Твитер“: „Ако со лажни вести неуморно го туркаат тврдењето дека ‘претседателот Трамп ги игнорирал раните предупредувања за заканата’, тогаш зошто демократите и медиумите злобно ме критикуваа кога наметнав забрана за патување во Кина? Тие рекоа дека е тоа рано и непотребно. Корумпирани медиуми“, напиша Трамп.
Извештаите на американските медиуми сè повеќе предизвикуваат загриженост дека Белата куќа бавно реагирала на првите знаци дека се приближува пандемија и не предупредила за потребата од обезбедување на потребните медицински материјали.
Во извештаите од „Вашингтон пост“ и „Њујорк тајмс“ се вели дека високи советници на американскиот претседател предупредувале кон крајот на јануари дека пандемијата на коронавирусот може да убие стотици илјади американски државјани.
Трамп првично ја минимизира сериозноста на заканата од коронавирусот јавно објавувајќи до почетокот на март дека вирусот не е причина за загриженост за Соединетите Американски Држави.
Во тие рани месеци Трамп ги поздравуваше напорите на Кина да го држи вирусот под контрола, кој избувна во кинескиот град Вухан.
Минатата недела тој ја обвини Светската здравствена организација (СЗО) и се закани дека ќе го намали нејзиното финансирање. „СЗО се збуни“, напиша тој на „Твитер“ предупредувајќи дека Соединетите Американски Држави се примарен спонзор на организацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Милиони Американци би можеле да останат без купони за храна

Околу 42 милиони Американци би можеле да останат без купони за храна во ноември поради тековниот прекин на работата на федералната влада, предупреди министерката за земјоделство Брук Ролинс.
Програмата за дополнителна помош во исхраната (SNAP), позната и како купони за храна, е дел од клучната национална мрежа за безбедност на храната и обезбедува просечен месечен надомест од 188 долари по лице, пишува Си-Ен-Ен.
Ролинс рече дека средствата за програмата ќе бидат исцрпени во рок од две недели и ги обвини демократите за блокадата на финансирањето.
Свет
Десетици илјади евакуирани на Филипините, се приближува ураган

Десетици илјади луѓе на Филипините се евакуирани денеска од своите домови на брегот на Пацификот поради опасност од поплави во момент кога тропската бура „Феншен“ го зафати регионот, јавија светските агенции.
Бурата попладнево со брзина на ветрот до 80 км на час ја погоди општина Губат, на југоисточниот врв на главниот остров Лузон, соопшти државната метеоролошка служба.
Откако жителите беа евакуирани од крајбрежните и другите ризични области, локалните власти соопштија дека нема извештаи за сериозни штети или жртви.
„Имаше обилни дождови и силни налети на ветер, иако не толку силни“, изјави Рајан Естреладо, спасувач во Губат.
Ураганот вечер треба да помине во близина на островот Катандуанес, кој има население од 270.000 жители, со брзина на ветер до 90 км/ч. Се очекува „Феншен“ да се засили пред да стигне до копното по втор пат во централен Лузон, соопшти националната метеоролошка служба.
Свет
Прекинати летовите на главниот аеродром во Бангладеш, избувна пожар

Властите во Дака ги прекинаа сите летови на Меѓународниот аеродром Хазрат Шахџалал, главниот аеродром во Бангладеш, по пожар во товарниот дел. Талха Бин Засим, портпарол на Противпожарната служба и Одделот за цивилна одбрана, изјави дека 32 противпожарни возила биле распоредени за гаснење на пожарот, кој започнал денеска попладне.
Управата за цивилно воздухопловство на Бангладеш ги прекина сите летови веднаш по инцидентот, наведувајќи дека операциите ќе останат запрени до понатамошно известување.
Покрај националната противпожарна служба, единици од Воздухопловните сили и Морнарицата на Бангладеш се придружија на напорите за гаснење на пожарот, според Одделот за односи со јавноста меѓу службите.
Причината за пожарот сè уште не е позната.
Снимките од местото на настанот покажаа црн чад како се извишува над аеродромот.
Како одговор, државната авиокомпанија „Биман Бангладеш ерлајнс“ пренасочи четири од своите летови, кои требаше да слетаат во Дака, кон аеродромите во Силхет и Чатограм.