Свет
Австралија и Нов Зеланд: Сѐ уште е рано за ублажување на мерките
Нов Зеланд и Австралија, познати по раните знаци на успех во борбата против ширењето на коронавирусот, објавија дека е премногу рано да се почне со ублажување на правилата за социјална дистанца или за кревање на економијата.
Стапката на заразени случаи значително се намали во двете земји, без да се оптоварува капацитетот на нивните здравствени системи.
Нов Зеланд наметна широкораспространет карантин, а Австралија исто така строго ограничи многу активности.
Нов Зеланд објави петти смртен случај на коронавирус, но бројот на заболени во земјата од 5 милиони се зголеми само 15 лица. Во Нов Зеланд сега се потврдени вкупно 1.064 заразени лица.
Според австралиското Министерство за здравство, бројот на заразени во понеделникот се зголемил за 33 случаи, најбавната стапка во месецот, и помалку од една десетина од заразените пред две недели.
Австралија досега пријави 6.322 случаја на заразени и 61 смртен случај.
Министерот за здравство, Грег Хант, изјави дека е премногу рано да се олеснат ограничувањата и покрај надолната крива на заразените.
„Сега е време да се движиме во истата насока, да продолжиме со изолација и социјална дистанца“, рече Хант во телевизиското обраќање. „Тоа овозможи вистинско намалување на стапката на раст“, додаде тој.
Австралија постави најстрог карантин за време на велигденските празници. Хеликоптерите и полициските контролни пунктови ги спречуваат луѓето да не ги кршат патните забрани или правилата за јавно собирање.
Премиерот на Нов Зеланд, Јакинда Ардерн, изјави дека одлуката дали ќе се продолжи со карантинот и вонредната состојба, објавена на крајот на март, ќе биде донесена на 20 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

