Контакт

Вести

Ердоган жестоко го нападна Израел за намерно убивање мајки во Газа

Објавено пред

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган го обвини во неделата Израел за намерно убивање на палестинските мајки и го предупредува дека „ќе се задуши во крв“.

dobivaj vesti na viber

Околу педесет милиони Турци со право на гласа во недела првпат директно ќе го избираат шефот на државата. Анкетите предвидуваат дека Ердоган ќе осои 55 отсто од гласовите, 20 проценти повеќе од главниот опозициски кандидат Екмелдин Ихсаноглу.

Обраќајќи се пред стотина илјади приврзаници на политички собори пред претседателските избори кои ќе се одржат на 10-ти август, турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган повторно го спореди Израел со нацистичка Германија во Втората светската војна. Сличен коментар неодамна го наведе израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го обвини за антисемитизам, додека сериозни забелешки за турскиот челник даде и САД.

„Токму како што Хитлер сакаше да направи раса исчистена од сите недостатоци, така и Израел се обидува да ја оствари својата цел. Убиваат жени за да не раѓаат Палестинци, убиваат бебиња за да не израснат, убиваат мажи за да не можат да ја бранат својата земја… Ќе се задушат во крвта којашто ја пролеаја“, рече Ердоган.

Во Турција, земја во којашто живеат сунитски муслимани постојат силни пропалестински чувства, а изминатите седмици демонстрантите на улиците силно ја осудуваа израелската воена операција во палестинската енклава Појасот Газа.

Израелската влада, пак, го обвинува Ердоган дека е антиеврејски настроен, но владата во Анкара ги отфрла ваквите наоди и тврди дека критиките се насочени на политиката на израелската влада, Турскиот премиер потсетува честопати дека Отоманската империја во екот на кризните времиња во Европа на Евреите им понудила засолниште.

Израел и Турција беа со децении главни регионални сојузници, но односите се влошија пред четири години кога на 31-ви мај 2010 година израелските командоси се качија на турскиот брод „Мави Мармара” од меѓународната „Флотила на слободата“ која се обиде да ја пробие израелската поморска блокада на Појасот Газа на кој се наоѓа турски исламски хуманитарни активисти. Притоа беа убиени девет активисти, од кои еден американски државјанин со турско потекло, а израелската страна се бранеше дека нејзините војници биле нападнати.

Тоа ја поттикна дипломатската криза меѓу Израел и неговиот единствен муслимански сојузник Турција и дотогаш стратешките односи сериозно се влошија. Турција го протера израелскиот амбасадор и ја замрзна воената соработка меѓу двете земји по извештајот на Обединетите нации за инцидентот објавен во септември 2011 година, кој Израел во добра мера го ослободува од целосната вина.

Турција, покрај обештетувањето на семејствата на жртвите, инсистираше на директно извинување од израелската страна, што долго време изостануваше, што сепак не ја задоволи Анкара.

Изминативе денови во времето на израелската офанзива во Газа, по протестите пред израелските дипломатски мисии во Турција, Израел најави намалување на персоналот во претставништвата во Анкара и во Истанбул./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 минути

Mаж најден починат утрово на тротоар на „Илинденска“

Утрово околу 07:00 часот, во полицијата било пријавено дека на тротоар на булеварот „Илинден“ во Скопје бил пронајден починат Т.К....

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски: Без ефикасна и чесна даночна администрација нема силна економија и одржливи јавни финансии

Без ефикасна и чесна даночна администрација нема ниту силна економија, ниту одржливи јавни финансии, ниту држава што може да планира...

Топ2 часа

Струмичанецот што со шприц сакаше насилно да ѝ вшприца на сопругата пестицид ќе одговара за обид за убиство

Струмичанец со шприц сакал насилно да ѝ вбризга на сопругата пестицид. Таа почнала да вика, а двете малолетни деца слушнале...

Македонија3 часа

Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е исправна и може непречено да се употребува, велат од „Водовод“ по труењето во училиштето

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека по извршениот вонреден мониторинг, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во...

Македонија3 часа

(Фото) Отстранета дивоградба на улицата Орце Николов, Герасимовски најави расчистување на бесправните објекти

Во рамките на обемната акција за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на деловен објект на улица „Орце...

Свет5 часа

Норвешки ветеран: НАТО влегува во фаза на распаѓање

Во блиска иднина, НАТО не само што би можел да ослабне, туку и да престане да постои како релевантен воено-политички...

Македонија5 часа

Жителите на Чучер-Сандево тргнаа во наплата на изборните ветувања: ја бараат ветената канализација од градоначалникот Зоран Бајовски

Со уредно платени комуналии за куќите жителите на четири улици, кои припаѓаат на Општина Чучер-Сандево, иако се многу поблиску до...

Свет6 часа

Путин постави клучен услов за завршување на војната, Зеленски го отфрла

Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера изјави дека ќе ја запре офанзивата во Украина само ако Киев се повлече од териториите...

Свет6 часа

Трамп со драстична мерка: „Трајно ја забранувам миграцијата од третиот свет“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави драстична мерка – трајно суспендирање на миграцијата од сите земји од третиот свет. Шокантната...

Свет16 часа

Зеленски: Украинските и американските делегации ќе изработат „формула за мир“ оваа недела

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денес изјави дека украинските и американските делегации ќе се состанат оваа недела за да ја изработат...

Македонија19 часа

Мицкоски: Ако се жалат судиите со 3-4.000 евра месечни примања, тогаш како им е на дечињата во градинка кои немаат играчки за играње

Реновираме градинки, училишта, цениме дека е поголем приоритет отколку да ги зголемиме платите на судиите и обвинителите. Мислиме дека е...

Македонија22 часа

Поради превенција од свлечиште на Водно надлежните на итна координација

Поради превенција за активирање на свлечиштето на падините на Водно, во близина на улиците „Белградска“ и „Партенија Зографски“, и реалната...

Македонија24 часа

Филков до СДСМ: Груевски има политички азил, се занимавате со циркус, а не со реална работа

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Миле Талески од СДСМ, зошто не се бара екстрадиција на...

Македонија1 ден

Мицкоски: Главен фокус в година ќе бидат капиталните инвестиции, целта е да дојдеме до раст на БДП над 4 отсто проценти

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања истакна дека в година главен фокус на Владата ќе...

Регион1 ден

Нема да биде екстрадиран: Ацо Боцевски, 28 години по убиството, живее во Грција и издава соби

Солунскиот жалбен совет одлучи да не го екстрадира во Македонија 60-годишниот Ацо Боцевски, познат под прекарот Циганот, осуден на повеќегодишна...

Регион1 ден

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: четири лица загинаа во судир на комбе и работна машина – валјак

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово, околу 6:20 часот, на патот помеѓу Ириг и Рума во Србија,...

Топ1 ден

(Видео) Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје: пешак удрен од автомобил пред гимназијата „Јосип Броз-Тито“

Во текот на вчерашниот ден на улицата „Димитрие Чуповски“ пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје се случи...

Свет1 ден

Суспендирана миграцијата од Авганистан во САД откога Авганистанец застрела припадници на Националната гарда во близина на Белата куќа

Двајца припадници на Националната гарда на Западна Вирџинија се во критична состојба откако вооружен човек отвори оган врз нив во...

Свет1 ден

(Видео) Нови податоци: најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг

Бројот на жртви од катастрофалниот пожар што зафати станбен облакодер во Хонг Конг се искачи на најмалку 55, потврди противпожарната...

Свет1 ден

Двајца гардисти застрелани во близина на Белата куќа; Трамп: Животното што го изврши злосторството ќе ја плати највисоката цена

Двајцата војници на американската Национална гарда кои беа застрелани во близина на Белата куќа во среда се во критична состојба,...