Свет
СЗО: Ковид-19 е десет пати посмртоносен од свинскиот грип

Коронавирусот е десет пати посмртоносен од вирусот на свински грип (Х1Н1) кој се појави во Мексико во 2009 година, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебриесус, кој денеска им се обрати на медиумите со нови информации за коронавирусот.
„Сите ние постојано учиме и ја прилагодуваме нашата стратегија, заснована врз најновите докази кои ги имаме на располагање. Можеме да го кажеме само она што го знаеме, а можеме да постапуваме само врз основа на тоа што го знаеме. Доказите од неколку држави ни даваат појасна слика за тоа како се однесува овој вирус. Знаеме дека Ковид-19 се шири брзо и знаеме дека тој е смртоносен – десет пати посмртоносен од пандемијата на грип во 2009 година. Знаеме дека вирусот може полесно да се шири во преполни средини како старечки домови“, рече Гебриесус.
Тој рече дека во некои земји бројот на случаи двојно се зголемува на секои три до четири дена и дека кривата на коронавирусот се зголемува многу побрзо отколку што се спушта.
„Рестриктивните мерки мора да се укинуваат полека и на контролиран начин“, рече директорот на СЗО.
„Во некои држави и заедници неколку недели има социјални и економски ограничувања. Некои земји размислуваат за тоа кога можат да ги укинат тие ограничувања, други размислуваат за тоа дали и кога да ги воведат. Во двата случаи овие одлуки мора да се засноваат пред сè на заштита на човековото здравје и да бидат водени од тоа што го знаеме за вирусот и како се однесува“, рече шефот на СЗО.
Шест критериуми за ублажување на мерките
Шефот на СЗО, во однос на намерите на многу земји кои размислуваат за ублажување на мерките, истакна шест критериуми за тоа.
Прво, преносот на вирус да се контролира;
Второ, здравствениот систем да има капацитет за откривање, испитување, изолирање и лекување на секој случај и следење на секој контакт;
Трето, да се минимизира ризикот од појава на вирусот во посебни услови, како што се здравствените установи и домовите за стари лица;
Четврто, превентивните мерки да се на сила на работни места, училишта и други места каде што е најважно луѓето да одат;
Петто, да може да се управува со увезените ризици;
И шесто, заедниците целосно да се информирани и ангажирани да се прилагодат на „новата норма“.
СЗО во петокот предупреди дека предвременото укинување на рестриктивните мерки може да доведе до „фатално враќање“ на епидемијата доколку мерките за изолација нагло се укинат.
До денес, во светот се потврдени над 1.883.000 случаи на заболени од коронавирус, а 117.569 луѓе починале.
Шефот на СЗО рече дека ќе биде потребна „безбедна и ефикасна вакцина“ за целосно исчезнување на коронавирусот.
„Ерата на глобализација значи дека ризикот од повторна појава на Ковид-19 ќе продолжи. На крајот, ќе биде потребно откривање и дистрибуција на безбедна и ефикасна вакцина за целосен прекин на трансмисијата“, рече шефот на СЗО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија во текот на ноќта лансираше 85 беспилотни летала кон Украина

Русија во текот на ноќта лансираше 85 беспилотни летала и една балистичка ракета кон територијата на Украина, објавија утринава украинските воздухопловни сили.
Нападите во текот на ноќта беа насочени кон области на линијата на фронтот во регионите Суми, Доњецк, Чернигов и Дњепропетровск, објавија воздухопловните сили на каналот Телеграм.
Оттаму, исто така, наведуваат дека нивните единици за противвоздушна одбрана уништиле 61 беспилотно летало.
Главниот штаб на украинските вооружени сили објави во својот дневен утрински извештај дека во текот на изминатите 24 часа на линијата на фронтот имало 139 судири со непријателот.
Од друга страна, руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта пресретнале и уништиле 29 украински дронови над различни руски региони, вклучувајќи 10 беспилотни летала над Ростовскиот регион, објавија утринава руските медиуми, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин, по нивната вчерашна средба во Алјаска, не споменаа ништо за потенцијален прекин на огнот во војната во Украина.
Свет
Зеленски во понеделник ќе отпатува за Вашингтон на разговори со Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник ќе отпатува за Вашингтон на разговори со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Зеленски на Телеграм по денешниот телефонски разговор со Трамп, јави ДПА.
Зеленски рече дека претходно телчефонски разговарал со Трамп повеќе од час и половина, откако американскиот претседател синоќа се сретна со рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска.
„Во понеделник ќе разговараме за сите детали во врска со завршувањето на убиствата и војната“, рече Зеленски, додавајќи дека е „благодарен за поканата“
Регион
Еди Рама вети бесплатни нови куќи за оние кои во пожарите ги загубија своите домови

По катастрофалните пожари кои деновиве зафатија делови од Албанија, уништувајќи домови и имоти, премиерот Еди Рама излезе со силно и директно ветување до сите настрадани граѓани. Во објава на социјалните мрежи, тој најави дека државата целосно ќе ги обесштети сите што претрпеле штета, вклучително и бесплатна обнова на секој уништен дом.
„Кој и да го изгубил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, напиша Рама на социјалните мрежи.
Оваа мерка, како што појасни министерот за одбрана Пиро Венгу, ќе се спроведува преку општините. Ќе се формираат посебни комисии за проценка на штетите на куќи, инфраструктура, бизниси и земјоделски култури, по што ќе следува обештетување од општинските фондови за цивилна заштита, поддржани од државниот буџет.