Забава
„Еве го сонцето“ ечи од разгласот на болниците во САД среде мрачни денови на пандемија

Најмоќниот лек за јакнење на моралот на здравствените работници во Њујорк, епицентарот на кризата од новиот коронавирус, можеби е музика.
Дневни инфузии на убави песни – од класиката на „Битлси“, Here Comes the Sun („Еве го сонцето“), до темата од филмот Rocky („Роки“), се испумпуваат низ болничките системи за јавно обраќање за да го зајакнат духот на медицинските сестри, докторите и помошниот персонал.
Во Соединетите Американски Држави речиси 545.000 луѓе се дијагностицирани со Ковид-19 заклучно со неделата, а приближно 21.600 умреле од заразната болест, пренесува „Ројтерс“.
Дневната доза во 4.30 попладне на хитот Call On Me на австралиската поп-пејачка Старли им даде сила на вработените во болницата „Маунт Синај“ во Њујорк, кои ракоплескаат кога поголем број пациенти беа пуштени дома од преполниот објект наспроти Универзитетот „Колумбија“.
„Некои луѓе ќе кажат дека ја прифаќаат својата судбина. Па, ако ова е судбина, тогаш ќе најдеме начин да ја измамиме“, пее Старли. „Знаете дека можете да ме повикате ако не можете да ги сопрете солзите да не паѓаат“.
На њујоршкиот Лонг Ајланд радосната Here Comes the Sun ечи на разгласот во „Маунт Синај“ секојпат кога пациент се отпушта од болницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Прв ред си е прв ред“: Туристи во Грција се степаа за лежалки

Заземањето место на плажите во Грција е неисцрпен извор на дискусија во текот на секоја сезона. Сега, сепак, отиде чекор понатаму, пишува Б92.
Имено, на Родос во Грција, туристи се степаа за лежалки во првиот ред до морето.
View this post on Instagram
„Некој навистина премногу сериозно ја сфатил борбата за место под сонцето… Реалити програма во живо од Родос“, пишува во описот на видеото објавено на Инстаграм.
Под видеото, следеа низа коментари.
„Прв ред си е прв ред, мора да се бориш за него“, „Не знам дали да се смеам или да плачам“, „Тоа се вика активен одмор“, се само дел од коментарите.
Забава
(Видео) Нова криминална комедија доаѓа на „Нетфликс“

„Нетфликс“ објави нов трејлер за претстојната крими комедија „The Thursday Murder Club“.
Филмот е режиран од Крис Колумбус, а е базиран на истоимениот роман од 2020 година напишан од британскиот телевизиски водител и продуцент Ричард Озман.
Главните улоги ги играат Хелен Мирен, Пирс Броснан, Бен Кингсли и Селија Имри, а заплетот ги следи четирите бестрашни пензионери кои го поминуваат своето слободно време решавајќи нерешени убиства – како хоби. Сепак, она што не го очекувале е дека нивното хоби ќе се претвори во вистинска истрага кога ќе се најдат во средината на вистинско, мистериозно убиство.
Ова се само дел од коментарите што циркулираат на социјалните мрежи:
„Каква актерска екипа! Ако ова не е смешно и одлично, некој сериозно греши“, „Одамна не сум видел толку добри глумци на едно место“, „Единствената забелешка – дека е филм, а не серија. Можеа да снимат повеќе епизоди“, „Не знам кого претпочитам – Мирен, Броснан, Кингсли… Летниот хит доаѓа“, „Ова мора да е одличен филм“, „Само погледнете кој го режира и кој глуми“, „Заплетот ми изгледа интересен, а кога ќе видам ваков тим – знам дека нè очекува добар филм“.
Премиерата се очекува наскоро, а сè укажува на фактот дека нè чека еден од најзабавните филмови од ова лето – полн со мистерија, шарм и британски хумор.
Забава
На британски бизнисмен му е одземено правото на користење на името на славниот Марадона

Децата на покојната аргентинска фудбалска ѕвезда Диего Армандо Марадона го добија судскиот спор што го водеа со сестрите на Марадона за правото да го користат неговото име за комерцијални цели.
Спорот настана кога сестрите на Марадона, Лили и Рита, му дадоа дозвола на британскиот бизнисмен Санџај Вадвани, кој се опишува себеси како суперфан на фудбалската ѕвезда, да го користи името на Марадона на предмети како што се пијалоци, храна, облека и игри, како и да основа добротворна фондација за зачувување на фудбалското наследство со неговото име.
Вадвани дури поднесе и барање до Агенцијата за интелектуална сопственост (IPO) за заштита на името на Марадона, како и неговиот потпис заедно со бројот „10“, кој го носеше на дресот, пишува Times.
Бизнисменот рече дека верува оти сестрите имаат законско право на името, бидејќи му било кажано дека Марадона ги лишил неговите деца од наследство.
Тврдењето на Вадвани беше оспорено од страна на IPO во врска со петте деца што Марадона ги имал со три различни жени, а IPO рече дека „доказите покажуваат дека децата се наследници“ на покојниот фудбалер.
Адвокатката за интелектуална сопственост, Роуз Гилрој, рече дека барањето е поднесено во „лоша намера“ во обид да се „проневери наследството на Марадона“ и ја опиша пресудата како „силна потврда за правото на наследниците да го заштитат наследството на покојната икона“.
Пресудата наводно го изненадила Вадвани, кој рекол дека не бил свесен за рочиштето сè додека не бил контактиран од Times и додаде дека поднел жалба на пресудата.
„Поминав многу време со сестрите на Диего Марадона и, врз основа на она што ми го кажаа, бев навистина убеден дека Диего Марадона ги лишил од наследство своите деца и дека ги префрлил правата на своето име, со кои управуваа сестрите. Имав договор со сестрите за разни права на интелектуална сопственост и правото да го користам неговото име насекаде во светот“, рече тој.
Британскиот бизнисмен, исто така, рече дека платил стотици илјади фунти на една од сестрите на и дека договорот вклучувал преземање на последните 493 фудбалски дресови потпишани од Марадона, од кои повеќето ги продал на продавач на сувенири за 2.000 фунти по парче, но дека не ги покрил сите свои трошоци.
Фото: ЕПА