Македонија
(Видео) Петров за протестот во Синѓелиќ: Законот е ист за сите, спроведени се постапки против сите што го прекршиле

Како партија ги осудуваме сите непочитувања на мерките на Владата на Република Северна Македонија, она што би сакал да напоменам е дека пораката на градоначалникот на Гази Баба имаше една цел – да ја смири ситуацијата, вели потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, во врска со вчерашниот протест на жители на Синѓелиќ.
„Би сакал да кажам дека сите сме еднакви пред законот и тој важи еднакво за сите. Она што можам да го потврдам е дека МВР има поднесено три кривични пријави за три лица, а најавени се и мерки за сите други што излегле на улица“, рече тој.
Петров упати апел до сите граѓани да не дозволиме еден изолиран инцидент да ја засени одличната работа на стотици здравствени работници, на сите институции и на сите граѓани што седат дома и се борат против овој смртоносен вирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) „Фирмата и сопругата на Салтировски донатори на ВМРО-ДПМНЕ, ете зошто власта ги штити“, вели Кузеска

„Македонија се соочува со најголемата измама и обид за затскривање на вистината за најголемата трагедија која се случи во поновата македонска историја. Од денес станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат никаква намера да работат во корист на правдата, ниту пак на крај памет им доаѓа да спроведат неселективна правда“, кажа Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„Согласно јавно достапните податоци на Заводот за ревизија во списокот на донатори на политичките партии, како донатор на ВМРО-ДПМНЕ во кампањите во 2020, 2021 и 2024 година се сретнува компанијата „Салтировски Консалтинг“ ДООЕЛ увоз-извоз Делчево.
Фирма чиј сопственик е сопругата на началникот на СВР Штип Дејан Салтировски, Анита Салтировска.
Освен донации од фирмата „Салтировски Консалтинг“ ДООЕЛ увоз-извоз Делчево на списокот на донатори може да се најде и името на сопругата на началникот на СВР Штип Дејан Салтировски, Анита која освен донации преку компанијата, вршела уплата на донации и од свое лично име.
Она што ВМРО-ДПМНЕ треба да го одговори на Македонската јавност е дали „Салтировски Консалтинг“, сопственост на сопругата на началникот на СВР Штип служела како фирма параван за прибирање на рекет од локалите кои биле изоставени од контрола на полицијата – како што бил примерот со дискотеката „Пулс“?
Дали оваа компанија водела фиктивно сметководство за компаниите „Класик“ ДООЕЛ и „ММММ“ Дооел кои управувале со дискотеката „Пулс“ на газда Деко?
Дали со транши од Деко на „Салтировски консалтинг“ ДООЕЛ од Делчево се исплаќал договорениот паушал за полициска заштита на „Пулс“? Дали „Салтировски Консалтинг“ ДООЕЛ била вмешана и во скандалот „Делчевски Ниви“ кој магично исчезна од судските процеси?
Конечно, дали овие пари од Деко завршувале за финансирање на кампањите на ВМРО-ДПМНЕ?
Македонија нема никаква надеж за неселективна правда, бидејќи ако навистина се тргнат канџите на Мицкоски од Обвинителството, одговорноста за работењето на дискотеката „Пулс“ ќе укаже директно на највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски треба да објасни, до кога мисли да врши притисок врз обвинителите со надеж дека ќе ја сокрие вистината.
За крајот, да го потсетиме на една мудрост на неговиот претходник ‘вистината е како шило, врти, врти и на крајот ќе излезе’“, изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
Македонија
Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција за копнено војување во Лондон

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во Лондон денеска се сретна со заменик началникот на Генералштабот за одбрана, воздухопловниот маршал Харви Смит со кого разговараше за моменталната безбедносна состојба во регионот, Европа и пошироко.
Генералот Лафчиски и маршалот Смит разговараа и за развојот на соработката на вооружените сили на двете држави, развојот на регионалните планови на НАТО, учеството на Армијата во мисиите на НАТО во, Романија, Бугарија и на Косово како и придонесот на Армијата во ЕУ операцијата Алтеа во Босна и Херцеговина. Соговорниците разговараа и за новиот Стратегиски одбранбен преглед на Обединетото Кралство, како и потребата од ажурирање на овој значаен документ во нашата земја, имајќи ги предвид британските искуства.
Во рамки на посетата на Лондон, генералот Лафчиски учествува на дводневната Конференција за копнено војување, каде свое излагање имаа претставници од високиот воен и политички врв на Обединетото Кралство, како и претставници на академската заедница, одбранбената индустрија и банкарскиот систем.
За време на Конференцијата, генералот Лафчиски се сретна со началникот на Генералштабот на Армијата на Обединетото Кралство, генерал Сер Роберт Вокер со кого разговараше за проширување на соработката на двете армии, исполнувањето на новите НАТО Цели на способности, користењето на капацитетите на армискиот полигон „Криволак“ и реализацијата на заедничка обука и вежби.
Македонија
Молк од државата за барањата за отстранување на новиот хотел на Горица, реагира Фронт 21/42

Законите не важат во Охридскиот регион. Прекршувајќи го и Законот за постапување по претставки и предлози, по претставката со која 25 граѓански организации побараа од премиерот, владата и градоначалникот на Охрид итно спроведување на законите и отстранување на хотелот во Горица – не постапи ниту еден од одговорните, реагираат од Еколошкото здружение на граѓани Фронт 21/42.
„На ридот во Горица, на местото на некогашната борова шума макотрпно посадена од локалното население во шеесеттите години на минатиот век, забрзано се гради хотелскиот комплекс на Дивелоп Груп – со незаконско одобрение за градба, издадено без оцена на влијанието врз животната средина, дури и без одобрен елаборат; и покрај фактот дека во Планот за управување со светското наследство е посочен како закана; со целосно игнорирање на одлуката на Комитетот за светско наследство, со која уште пред да почне градбата УНЕСКО побара стопирање на активностите и одлуката на Бернската конвенција, со особена загриженост за овој проект; врз основа на урбанистички план кој општината беше должна да го измени“, велат од Здружението.
Од таму велат дека се прекршени Законот за градење, Законот за општа управна постапка, Законот за животна средина, Законот за управување со светското наследство, Законот за инспекциски надзор, Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународните договори, Бернската и Конвенцијата на УНЕСКО, а со тоа и на Уставот.
„Долгата листа деновиве се прошири и со прекршување на Законот за постапување по претставки и предлози, од страна на Кабинетот на премиерот, Владата и градоначалникот на Општина Охрид. Имено, ниту една од овие институции не постапи во законскиот рок по претставката со која 25 организации алармираа за беззаконието поврзано со овој хотел и побараа негово отстранување. Од Кабинетот на премиерот информираа дека претставката е проследена до Општина Охрид и МЖСПП, а од Генералниот секретаријат на Владата (во која влегува и МЖСПП) ја проследија до Општина Охрид. И премиерот и Владата целосно ги игнорираа сопствените законски обврски наведени во претставката. Од Општина Охрид, како и многу пати до сега – организациите добија молк“, велат од Фронт 21/42.
Од таму наведуваат дека не изреагирале ниту пратениците, ниту вицепремиерот за добро владеење и транспарентност, кои добиле копија од претставката.
Од Здружението велат дека случајот уште во март бил поднесен и до Државната комисија за спречување на корупцијата и дека и од таму нема никаква одлука.