Спорт
Лукаку е феномен, зборува 8 јазици!

Белгискиот фудбалски репрезентативец, Ромелу Лукаку кој до прекинот на сезоната во Серија А, за Интер на 25 меча постигна 17 гола, е единствен случај во светот на фудбалот поради фактот дека зборува дури 8 јазици.
Упорноста и желбата да научи нов јазик во средините каде што живеел Лукаку ги продолжи и во Милано, каде по само два ипол месеци давал интервју на чист италијански.
Освен италијанскиот, Белгиецот го зборува мајчиниот француски јазик, а се служи и со фламанскиот кој како и поголемиот дел Белгијци, го учел во основно училиште.
Дел од неговите роднини се во Конго, па со нив зборува на банту – јазикот.
Освен овие 4 јазици, Лукаку се разбира и на англиски, шпански, поругалски и германски, иако никогаш не настапувал во Шпанија, Португалија и Германија.
За разлика од него, постојат и дијаметрално спротивни случаи на играчи кои иако со години живеат во одредена земја, се уште не успеале да го совладаат тамошниот јазик.
Лош пример е Серхио Агуеро кој иако 9 години игра во Манчестер Сити, може да состави 2-3 реченици на англиски.
Слична е ситуацијата и со Герет Бејл кој иако од 2013 е во Реал Мадрид, се уште се мачи со шпанскиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Њукасл нема да го пушти Исак ова лето

„Ливерпул Ехо“, медиум кој е апсолутно наклонет кон клубовите од нивниот град и за тоа е награден со ексклузивни информации и од црвениот и од синиот табор, објави оваа сабота дека трансферот на Александар Исак ова лето нема да се случи.
„Њукасл јунајтед е решен да го држи Александар Исак колку што е потребно пред да се согласи на трансфер во Ливерпул ова лето“, објави Ехо.
Незадоволниот Швеѓанец се труди да изнуди преселба од „Сент Џејмс Парк“, пред почетокот на сезоната 2025/26.
„Црвените“ нудат 127 милиони евра за напаѓачот, но Њукасл ја одби понудата, главно затоа што не е во можност да ангажира соодветна замена во нападот.
Последниот во низата фудбалери кои избраа други клубови и им се заблагодарија на црно-белите е Бенјамин Шешко.
Спорт
Шешко е нов играч на Јунајтед – Словенецот е трет најскап екс-Ју играч

Словенецот Бенјамин Шешко е нов играч на Манчестер јунајтед, објави англискиот клуб.
Шешко (22) потпиша договор со Јунајтед до јуни 2030 година. Тој дојде во Манчестер за 76,5 милиони евра, плус уште 8,5 милиони преку бонуси, објавува Би-Би-Си.
„Историјата на Манчестер јунајтед е многу посебна, но она што навистина ме возбудува е иднината. Кога разговаравме за проектот, беше јасно дека сè е подготвено овој тим да продолжи да расте и наскоро повторно да се натпреварува за најголемите трофеи. Од моментот кога пристигнав, можев да ја почувствувам позитивната енергија и семејната атмосфера. Очигледно е совршеното место за мене да го достигнам моето максимално ниво и да ги исполнам сите мои амбиции“, изјави Шешко за веб-страницата на клубот.
Словенечкиот фудбалер постигна 21 гол и шест асистенции на 45 натпревари во сите натпреварувања минатата сезона во Лајпциг. Шешко е најмладиот дебитант на словенечката репрезентација, за која одигра 41 натпревар и постигна 16 гола.
На овој начин, Шешко стана третиот најскап играч од територијата на поранешна Југославија, со оглед на тоа што беше платен 76,5 милиони евра.
Скалата високо ја крена Хрватот Јошко Гвардиол, на кого Сити плати 90 милиони евра, а втор на листата е Србинот Душан Влаховиќ, за кого Јувентус издвои 83,5 милиони евра.
Foto/ manutd.com
Спорт
Челзи отпиша шест играчи

Фудбалскиот клуб Челзи им соопштил на шестмина фудбалери дека менаџерот Енцо Мареска нема да ги користи во новата сезона. заврши со шест играчи, според англиските медиуми.
„Стенфорд Бриџ“ ќе го напуштата: Николас Џексон, Кристофер Нкунку, Бен Чилвел, Рахим Стерлинг, Аксел Дисаси и Ренато Веига. Засега нема информации каде овие фудбалери ќе ги продолжат своите кариери, но наводно повеќето од нив веќе се во преговори со дригу клубови.
Челзи со овој потег влезе во последната фаза од реконструкцијата на тимот и ростерот за сезоната 2025/2026.
Следните играчи го напуштија Челзи оваа сезона:
Нони Мадуеке (Арсенал), Жоао Феликс (Ал Наср), Ѓорѓе Петровиќ (Борнмут), Лесли Угочукву (Бернли), Кирнан Дјусбери-Хол (Евертон), Армандо Броја (Бернли), Матис Амугу (Стразбур), Башир Хамфрис (Бернли), Кепа Аризабалага (Арсенал), Маркус Бетинели (Манчестер сити).
Нови играчи на „Стенфорд Бриџ“ се:
Жоао Педро (Брајтон), Џејми Гитенс (Борусија Дортмунд), Жорел Хато (Ајакс), Лиам Делап (Ипсвич), Естевао (Палмеирас), Дарио Есуго (Спортинг), Мамаду Сар (Стразбур) и Кендри Паез (Индепендиенте).