Спорт
Ова се 50-те најголеми фудбалски дербија на светот
Популарниот англиски фудбалски магазин „ФорФорТу“ ги рангираше топ 50-те најголеми дербија на светот, и изненадувачки на првото место не е меч од европските лиги, туку вечната аргентинска пресметка меѓу Бока јуниорс и Ривер Плата.
Единствено правило на листата е еден клуб да може да биде поставен само еднаш, што значи на пример дека Манчестер јунајтед можат да ги имаат само Манчестер сити или Ливерпул на листата.
На добро проучената глобална листа има и некои малку чудни одлуки – Вележ-Зрињски во Босна и Херцеговина на пример е на 17. место пред Партизан-Црвена звезда и Динамо-Хајдук.
ТОП 50 ДЕРБИЈА СПОРЕД „FourFourTwo“
1.Бока јуниорс-Ривер Плата (Аргентина)
2.Барселона-Реал Мадрид (Шпанија)
3.Селтик-Ренџерс (Шкотска)
4.Насионал-Пењарол (Уругвај)
5.Лацио-Рома (Италија)
6.Фенербахче-Галатасарај (Турција)
7.Ливерпул-Манчестер сити (Англија)
8.Гремио-Интернасионал (Бразил)
9.Борусија Дортмунд-Шалке (Германија)
10.Ал-Ахли-Замалек (Египет)
11.Марсеј-Пари Сен-Жермен (Франција)
12.Чивас Гвадалахара-Клуб Америка (Мексико)
13.Милан-Интер (Италија)
14.Портсмут-Саутемптон (Англија)
15.Индепендиенте-Расинг Клуб (Аргентина)
16.Ајакс-Феенорд (Холандија)
17.Вележ-Зрињски Мостар (Босна и Херцеговина)
18.Фламенго-Флуминензе (Бразил)
19.Олимпијакос-Панатинаикос (Грција)
20.Арсенал-Тотенхем (Англија)
21.Ист Бенгал-Мохун Баган (Индија)
22.Партизан-Црвена звезда (Србија)
23.Коринтијанс-Палмеирас (Бразил)
24.Њукасл-Сандерленд (Англија)
25.Реал Бетис-Севилја (Шпанија)
26.Раџа-Видад (Мароко)
27.Хајдук-Динамо Загреб (Хрватска)
28.Бенфика-Спортинг Лисабон (Португалија)
29.Коло Коло-Универзидад де Чиле (Чиле)
30.Џенова-Сампдорија (Италија)
31.Кајзер чифс-Орландо пајратс (Јужна Африка)
32.Стеауа(ФЦСБ)-Динамо Букурешт (Романија)
33.Естеглал-Персеполис (Иран)
34.Барселона-Емелек (Еквадор)
35.Гленторан-Линфилд (Северна Ирска)
36.Серо Портењо-Олимпија (Парагвај)
37.ЦСКА Софија-Левски Софија (Бугарија)
38.Алијанца Лима-Универзитарио (Перу)
39.Хамбург-Санкт Паули (Германија)
40.Америка-Депортиво Кали (Колумбија)
41.Динамо Москва-Спартак Москва (Русија)
42.Бахија-Виторија (Бразил)
43.Сеул-Сувонг блувингс (Јужна Кореја)
44.Евертон-Сантијаго вандерерс (Чиле)
45.Атлетик Билбао-Реал Сосиедад (Шпанија)
46.Њуел олд бојс-Росарио сентрал (Аргентина)
47.Лион-Сент-Етјен (Франција)
48.Портланд тимберс-Сиетл саундерс (САД)
49.Блуминг-Ориенте петролеро (Боливија)
50.Шефилд јунајтед-Шефилд венсдеј (Англија)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години
ФИФА одлучи да врати правило кое не се применуваше на Светските првенства 20 години.
Во петокот, во Вашингтон се одржа ждрепката за групната фаза на Светското првенство, кое ќе се игра во јуни и јули 2026 година.
Ова ќе биде првото светско првенство со 48 репрезентации, кои се поделени во 12 групи од по четири екипи.
Првите две репрезентации од секоја група се пласираат во нокаут фазата, како и осумте најдобри третопласирани екипи.
ФИФА реши да воведе промена во одредувањето на пласманот во групата. Имено, ФИФА одлучи да врати правило кое не се користеше на СП 20 години, од Мундијалот во 2006 година во Германија.
Првиот критериум за одредување на рангирањето (доколку екипите се изедначени) повеќе нема да биде вкупната гол-разлика во групата, туку меѓусебниот дуел. На последните четири Светски првенства за пласманот на табелата решаваше гол-разликата.
Секако, при одредувањето на најдобрите третопласирани репрезентации, прво ќе се гледаат освоените бодови, а потоа и вкупната гол-разлика.
Foto/ EPA
Спорт
Ферстапен на стартот пред Норис и Пјастри
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Абу Даби, последната трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
Актуелниот шампион стигна до најдобрата стартна позиција на патеката „Јас Марина“ со време од 1:22.207 минути, две десетинки пред Ландо Норис во Мекларен.
Двајцата, инаку главни претенденти за титулата, беа следени од вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри, кој беше 28 илјадити зад својот тимски колега.
Трката од вториот ред, веднаш до Пјастри ќе ја започне Џорџ Расел од Мерцедес.
На стартот, во третиот ред се Шарл Леклер (Ферари) и ветеранот од Астон Мартин, двократниот шампион, Фернандо Алонсо.
Во првите десе место на стартот изборија: Габи Бортолето (Заубер), Естебан Окон (Хас), Исак Хаџар (Рејсинг Булс), Јуки Цунода (Ред Бул).
Норис е лидер во генералниот пласман со 12 поени повеќе од Ферстапен и 16 од Пјастри. Доколку Ферстапен утре победи, Норис треба да биде најмалку трет за да ја освои титулата.
Трката за Големата награда на Абу Даби ќе започне во 14 часот.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Буендија во 95-та минута му пресуди на лидерот Арсенал
Лидерот во Премиер лигата падна на „Вила Парк“ во Бирмнигме. Емелијано Буендија, во 95-та минута постигна гол за триумф на Астон Вила над Арсенал 2:1. Аргентинецот им го нанесе на „топџиите“ вториот пораз оваа сезона.
Вила ја имаше првата голема шанса, но Раја имаше фантастична одбрана по ударот на Оли Воткинс во десеттата минута.
Играта беше интензивна на двете страни, потоа Арсенал малку ја презеде иницијативата – голот на Езе беше оправдано поништен поради офсајд, Сако исто така се обиде да упати удар со глава, но топката заврши веднаш до стативата.
Потоа домашните повторно наметнаа свој ритам, а во 36-та минута го видовме најважниот момент од првото полувреме – долг вовед во акцијата, аут од левата страна, Тимбер не реагираше доволно добро и топката заврши на втората статива, а таму Мети Кеш се протна зад Езе и го донесе својот тим во водство.
Арсенал започна уште поагресивно во второто полувреме, а наградата дојде брзо, во 53-та минута, резервистот Леандро Тросар постигна гол. Играчите на Вила загубија топка на средината од теренот, следуваше молскавична контра, Сака во шеснаесетникот дијагонално уфрли, а со малку среќа топката заврши пред Тросар, на кого не му беше тешко да изедначи.
Тросар го постигна 50-от гол во Премиер лигата.
Во 65-та минута, Раја одбрани удар на Воткинс, а четири минути подоцна, Емилијано Мартинез ја исфрли топката преку пречката со врвовите на прстите по феноменалниот удар на Едегор.
Се чинеше дека Арсенал е поблиску до водство, но по грешката на Калафиори, одлична шанса имаше Мален, кој го замени Воткинс. Сепак, шутираше покрај голот од добра позиција.
Тоа означи период на подобра игра на Вила, која заврши со голот на Бунедија.
Foto/ EPA

