Забава
Уметничка герила – собни влечки на плоштадот во Скопје со порака „Седете дома“

Големи собни влечки се поставени на плоштадот во Скопје со порака „Седете дома“.
Уметничката акција „Седете дома“ е наменета да им помогне на граѓаните да истраат во излолацијата и сведувањето на излегувањето на минимум во овие мигови кога изолацијата е можеби најефикасното средство за борба против епидемијата.
„За претстава на оваа интервенција ги избравме папучите, кои претставуваат синоним за останување дома, но и синоним за почитување на мерките и наредбите бидејќи во скопскиот сленг терминот папучар најчесто се користи за некој што беспоговорно ги следи наредбите и советите, а во овие мигови сметаме дека токму тоа ни е потребно. Со оваа акција, како и со претходната („Држете дистанца“), сакаме да ги охрабриме граѓаните да издржат во оваа за сите нас многу важна битка, но и да покажеме дека уметноста и културата и во овие тешки моменти се со граѓаните и дека сите мора да бидеме сплотени за да си го вратиме животот во нормала“, велат активистите.
Тие истакнуваат дека и оваа акција ја посветуваат на здравствените работници.
Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно работена е етапно и секвенцијално од страна на повеќе автори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Убавата актерка Сидни Свини повторно заведува во најновата реклама

Сидни Свини е една од најатрактивните актерки, а благодарение на својот изглед, таа често е тема на разни портали, иако можеби не секогаш го сака тоа.
Познатата актерка со раскошни облини, Сидни Свини, одамна се најде во центарот на вниманието, најмногу поради провокативните сцени и објави со кои нема проблем, како што истакна самата.
Откако ја раскина свршувачката, Сидни предизвика вистинска експлозија на социјалните мрежи.
Имено, Сидни направи фото-кампања за брендот за чевли HEYDUDE, и таа целосно одговори на дадената тема на кампањата.
Фотографиите беа објавени и на нејзиниот профил и на официјалниот профил на брендот, а една од оние што се истакнуваат дефинитивно е Сидни која позира на плажа во тесно боди и носи каубојска шапка.
Актерката позираше и на коњ, облечена во бел топ и кратки шорцеви, па ниту таа објава не остана незабележана.
Забава
Маж од Сан Франциско мислел дека освоил 2.000 долари, а всушност биле два милиона

Човек од Сан Франциско доживеа целосен пресврт во животот. На 5 март, Риви Зејдан одлучил да купи лото ливче за да „убие време и малку да се забавува“. Немал поим дека оваа безопасна одлука ќе му донесе профит од дури два милиони долари.
Според Калифорниската лотарија, Зејдан го купил лозот за 20 долари во продавница во близина на Union Square. На многумина им се допадна тоа што продавницата се наоѓа веднаш спроти кафулето наречено „Good Luck Café“.
„Го прочитав бројот двапати и бев убеден дека освоив 2.000 долари“, рече тој. Но, кога повторно ја погледнал хартијата, нешто го вознемирило, имало премногу нули.
„Почнав да бројам – една по една. И тогаш бев навистина шокиран“, рече тој.
Призна дека до последен момент му било тешко да поверува дека тоа навистина му се случило.
Зејдан изјавил дека парите ќе ги искористи за да си ја исплати хипотеката и додал дека оваа неочекувана добивка му донела душевен мир.
Забава
Можете да ги преземете сите ваши објави на „Фејсбук“, а потоа да ги избришете

Се сеќавате на времето кога „Фејсбук“ беше полн со објави за секој детаљ од вашиот ден и албуми со десетици фотографии од секое кафе, концерт или вечерно излегување?
Денес, тие спомени често се скриени со поставките за приватност. Без разлика дали го користите „Фејсбук“ секојдневно или само повремено, веројатно има многу содржина на вашиот профил што би сакале да ја задржите или барем да се смеете на неа кога повторно ќе ја видите.
Добрата вест е дека лесно можете да ги преземете вашите податоци од „Фејсбук“. Ова е функција ви овозможува да зачувувате објави, фотографии во кои сте означени, список на групи на кои припаѓате, вашата историја на пребарување, па дури и информации за апликации поврзани со вашиот профил и интеракции со реклами.
Имајте на ум дека избришаната содржина не е вклучена и некои од податоците може да не бидат достапни за целиот период на користење на платформата, сè зависи од методот и времето на складирање.
Како да ги преземете вашите податоци од „Фејсбук“?
Кликнете на вашата фотографија на профилот.
Отворете го табулаторот „Поставки и приватност“ (Settings and Privacy).
Потоа кликнете на „Поставки“ (Settings).
Изберете ја опцијата „Преземи ги вашите информации“ (Download Your Information).
Кликнете на „Продолжи“, потоа на „Преземи или префрли информации“ (Download or Transfer Information).
Потоа „Фејсбук“ ќе ве замоли да:
Изберете го/ги профилот/профилите од кои сакате да преземете податоци.
Кликнете на „Следно“ за да стигнете до опцијата за тоа колку податоци сакате да преземете.
Изберете одредени типови податоци ако сакате да го стесните пребарувањето и да преземете само она што ве интересира, вклучувајќи ги и дневниците на активности.
Конечно, избирате дали сакате да ги преземете податоците на вашиот уред или да ги испратите на одредена локација (на пример, услуга во облак).
Кога ќе го потврдите вашето барање, статусот ќе се прикаже „во исчекување“. Откога системот ќе го обработи вашето барање, ќе имате четири дена да ја преземете архивата.
Можеби сте заборавиле што сте споделиле на „Фејсбук“ пред десет или петнаесет години, но токму затоа постои оваа опција, за повторно да можете да ги оживеете спомените, да се смеете на сопствените објави и да го зачувате она што е важно за вас. Во дигиталната доба потсетувањето на минатото понекогаш е само на неколку кликања од вас.