Црна хроника
Македонска двојка депортирана од Малта поради украден IPhone

Мирослав Карафилоски (29) и Кристина Куслеска (25) добија условна казна затвор и депортација од Малта откако признаа кражба на iPhone од фризерница во Слиема, јави Malta Today.
Карафилоски и Кусеска се осудени на едногодишна казна затвор, две години условно. Тие ја признале вината откако анонимен јавувач во малтешката полиција рекол дека ги препознал крадците од видео-снимка објавена на сервисот ЈуТјуб. Тој ги забележал двајцата како работат на плоштадот во Слиема, по што полицијата ги уапсила.
Карафилоски и Кусеска остануваа во притвор до нивната депортација, откако беше утврдено дека имаат патни исправи со изминат датум на важење. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Торба со марихуана пронајдена во автобус во затворот Идризово

Торба со марихуана е пронајдена во автобус паркиран во гаража во затворот Идризово.
Според информациите на МВР, денеска околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 17.08.2025 околу 21:00 часот била извршена контрола и претрес во надворешното отворено одделение и објектите во дворот на установата, при што во стар автобус паркиран во гаражата била пронајдена една торба во која имало марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Два автомобили и автобус се судрија на патот Кичево – Гостивар, повредени деца

Вчера во 10:00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Длапкин дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.К.(44) од с.Стрелци, кичевско, „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(47) од Скопје и автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(39) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил деветгодишен патник во автобусот од Република Турција, додека со телесни повреди се здобиле Ф.А.Д.(44) од Република Турција, исто така патник во автобусот, 13-годишник од Скопје и И.П.(46) од Скопје, сопатници од возилото „форд“ и 11-годишник од с.Стрелци, кичевско, сопатник од возилото „ауди“, констатирани во Медицински центар Кичево.
Известен бил јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево.
Црна хроника
Обид за убиство во хотел во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид.
Според информациите на МВР, на 25 јули во хотел на охридското крајбрежје во Охрид, тој физички нападнал жител на Скопје, при што употребил и нож, по што набргу бил совладан и уапсен.