Црна хроника
Го мамел пријателот со работа во Германија, а зел и кредит во негово име
Стружанец заработи кривична пријава затоа што го мамел пријателот дека ќе му најде работа во Германија, за што му зел околу 1.100 евра, но не сопрел тука, туку со негови податоци подигнал кредит во негово име.
Стружанец заработи кривична пријава затоа што го мамел пријателот дека ќе му најде работа во Германија, за што му зел околу 1.100 евра, но не сопрел тука, туку со негови податоци подигнал кредит во негово име.
Имено, полицијата поднесе кривична пријава против Н.М. (31) од Струга, кој во текот на ноември 2015 година, на неговиот пријател И.М. од Струга лажно му прикажал факти и го довел во заблуда, кажувајќи му дека познава луѓе од Скопје кои за одреден паричен надомест ќе му обезбедат работно место во Германија. Притоа, пријавениот побарал, и од И.М. во периодот ноември 2015 – јануари 2016 година, добил вкупно 66.920 денари. Тој не му обезбедил работа и заминување во Германија, со што го оштетил за наведената сума, која според негово кажување била потребна за документација, за пат, за лекарско, за стан, за повратна карта, за данок и слично. По препорака од пријавениот, оштетениот И.М. на е-маил адреса испраќал скенирани лични документи-лична карта, трансакциона сметка, лекарски прегледи и друга документација која наводно била потребна. Во декември минатата година, пријавениот ги искористил личните податоци од И.М. и во негово име подигнал кредит од фирмата „ФД М Кеш Македонија“ ДООЕЛ-Скопје. Доведувајќи го во заблуда, пријавениот Н.М. на својот пријател му кажал дека по грешка на неговата трансакциона сметка се префрлени 7.000 денари и го навел, парите да ги извади и да му ги даде. На 26-ти јануари оваа година, оштетениот И.М. од фирмата добил телефонско известување дека има паричен долг за кредитот што претходно му бил исплатен.крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Граната од Првата светска војна најдена на нива во Битолско
Вчера, во битолската полиција било пријавено дека во 9 часот во нива во селото Драгожани, Битолско, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување била подигната артилериска граната во калибар од 105 милиметри.
Гранатата е од Првата светска војна, информираа од МВР во дневниот полициски билтен.
Топ
Mладо момче со автомобилот излета на патот кон Средно Водно, тешко повредено
Дваесет и двегодишен скопјанец со иницијали М.П., синоќа по 1 часот по полноќ, со автомобилот излетал од локалниот пат за Средно Водно.
Од МВР инфомираа дека во несреќата момчето се здобило со тешки телесни повреди, и е хоспитализирано на Комплексот клиники.
Изврешен е увид.
Црна хроника
Претрес во Куманово, пронајдена дрога
На 24.11.2024 во 17.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.А.(45) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена кафеава прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.