Спорт
Џенова да плати 800.000 евра или ќе добие забрана за трансфери

Џенова чии дрес го носи капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев мора да плати 800.000 евра или во спротивно нема да може да биде активна во претстојниот преоден рок.
Светската фудбалска организација (ФИФА) му наложила на фудбалскиот клуб Џенова во рок од 45 дена да го подмири долгот што го има кон фудбалскиот клуб Заглеблје од Лубин, во спртивно ќе добие забрана за трансфери во летниот преоден рок.
Сумата која Џенова треба да ја исплати изнесува 800.000 евра.
Џенова во јануари 2019 година од Заглеблје го донесе Филип Јагјел (22) за сума од два милиони евра. Италијанскиот клуб веднаш платил 1,2 милиони евра, но се уште не ги исплатил преостанатите пари.
Џенова во Серија А се наоѓа на 17 место на табелата со ист број на бодови како и Лече тим што се наоѓа во опасната зона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал Мадрид казнет поради хомофобични навреди кон Гвардиола

УЕФА го казни Реал Мадрид за хомофобични скандирања на дел од навивачи кон менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.
На шпанскиот клуб му беше наложено да плати 30.000 евра и доби условна казна со делумно затворање на стадионот доколку истото се повтори во следните две години.
Покрај овие казни, Реал е принуден да остави најмалку 500 празни места на стадионот за време на натпреварот против Атлетико во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Хомофобичните повици беа испратени кон Гвардиола за време на победата на Реал против Сити од 3-1 во реваншот од плејоф мечот за место во осминафиналето на Лигата на шампионите на стадионот во Мадрид. Победата значеше дека тимот на Карло Анчелоти се пласираше во осминафиналето со вкупен резултат 6:3.
Спорт
Заврши сезоната за Џоел Ембид

Центарот на Филаделфија 76ерс Џоел Ембид нема да игра до крајот на сезоната.
Ембид неодамна зборуваше за тоа колку е фрустрирачко за него да игра со ограничувања поради болки во левото колено, а Сиксерси одлучија дека е подобро да се фокусира на долгорочното закрепнување.
„По деталните медицински прегледи, беше утврдено дека Ембид не е способен за игра, ќе го пропушти остатокот од сезоната и ќе се фокусира на третмани и закрепнување“, се вели во клупдкото соопштение.
Ембид одигра само 19 натпревари оваа сезона и имаше просек од 23,8 поени, 8,5 скока и 4,5 асистенции.
Сиксерси се наоѓаат на 12. позиција на табелата во Источната конференција, со скор од 20 победи и 38 порази.
Спорт
Доминација на Марк Маркез во спринтот на патеката Бруринам

На патеката Бруринам во Тајланд, со спринт трката започна новата сезона во Мото Гп шампионатот. Актуелниот шампион Хорхе Мартин поради повреда не настапи, а победата ја однесе новиот возач на Дукати Марк Маркез.
Марк Маркез уште на стартот на сезоната сериозен ја истакна кандидатурата за освојување на својата седма шампионска титула во Мото ГП.
Шпанецот водеше од првиот до 13-от круг и убедливо дојде до првото место. Во ниту еден момент не ја доведе во прашање победата и со речиси совршено возење им покажа на своите ривали колку може да направи на Дукати.
За целосен триумф на семејството Маркез во Бруринам се погрижи помладиот брат Алкес, кој со своето Гресини Дукати го освои второто место.
Актуелниот вицешампион Франческо Бањаја, клупски колега на Маркез, на крајот го освои третото место.
Аи Огура имаше одлично деби на најголемата сцена. Актуелниот шампион во Мото 2 го зазеде одличното четврто место на Априлија. Морбидели беше петти, Акоста шести, а поранешниот шампион Фабио Квартаро седми.
Главната трка е закажана за в недела во 9 часот.