Македонија
Ѓуровски: Општеството треба да се подготви за нормализација на состојбата

Периодот од нови 30 дена oд евентуална вонредна состојба би требало да се искористи за отпочнување подготовки за постепена нормализација на состојбата, вели професорот Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност.
Тој ова го истакнува имајќи ги предвид потребите на граѓаните, работата на фабричките капацитети, економијата и државните институции.
„Верувам дека Претседателот на државата, Владата, Советот за национална безбедност ќе ги имаат во предвид сите аргументи ‘за’ и евентуално ‘против’ носењето на одлуката за вонредна состојба уште нови 30 дена, при тоа имајќи го во предвид следните четири елементи: Извештајот за превземените мерки и нивните ефекти во изминатите 25 дена, проценките за текот на справувањето со вирусот во земјава и воедно да се водат од основното начело на почитување на Уставот, функционирањето на политичкиот систем, демократските норми и состојбата со економијата“, нагласува професорот.
Ѓуровски е уверен дека одлуката на Претседателот ќе овозможи максимално искористување на ресурсите што ги има држава, со цел, како што вели, да излеземе со помали последици од кризата, и таа од здравствена да не прерасне во безбедносна и поголема економска криза.
„Рано е за одредени проценки, но верувам внимателно ќе се постапува и навремено ќе се донесат одлуките во функција на координација на институциите, искористување на ресурсите и справување со пандемијата на целата територијата на државата“, посочува професорот.
Според него, мнозинство граѓани во изминатите 30 дена манифестирале чувство на одговорност.
„Добро е што сите граѓани, нацијата се обедини и овој дух ќе го зачуваме по вториот месец од вонредната состојба со цел успешно да се справиме со ризиците по економската состојба која може да биде нарушена по пандемијата“, вели професорот од Факултетот за безбедност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и многу топло со мала локална облачност: максималната температура до 39 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Времето во наредните денови
Ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност преку денот. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Македонија
ЦУК: 27 пожари во Македонија

Во текот на денешниот ден, низ Македонија, до 21 часот, имало 27 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од нив, седум се уште се активни, три се под контрола, а 17 се изгаснати.
АКТИВНИ (7):
Општина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума)
Општина Сарај – с. Радуша кон с. Дворце (ниска вегетација)
Општина Брвеница – с. Милетино (ниска вегетација)
Општина Македонски Брод – с. Крапа (ниска вегетација и нискостеблеста шума)
Општина Долнени – с. Пешталево (ниска вегетација и стрништа)
Општина Прилеп – с. Големо Коњари (ниска вегетација и стрништа)
Општина Куманово – с. Табановце (ниска вегетација)
ПОД КОНТРОЛА (3):
Општина Крива Паланка – с. Нерав, место Биљино (ниска вегетација и шума)
Општина Кичево – с. Челопеци (нискостеблеста шума)
Општина Сарај – с. Свиларе (ниска вегетација и мешана шума)
ИЗГАСНАТИ (17):
Општина Чешиново-Облешево – с. Чешиново (ниска вегетација)
Општина Куманово – „Дива населба“ (ниска вегетација)
3-6. Општина Јегуновце – с. Прељубиште, с. Јанчиште, с. Копанце, с. Орашје (ниска вегетација)
Општина Куманово – с. Оризаре (ниска вегетација)
Општина Радовиш – с. Прналија (ниска вегетација и меѓи)
Општина Ново Село – с. Старо Коњарево (ѓубриште)
Општина Долнени – с. Секирци (ниска вегетација и трски)
Општина Кривогаштани – с. Обршани (ниска вегетација)
Општина Брвеница – с. Теново – Св. Недела (ниска вегетација и зимзелени дрва)
13-14. Општина Струга – Струшко Поле (стрниште), с. Калишта (ниска вегетација)
15-16. Општина Гостивар – с. Градец (ниска вегетација), ул. ЈНА (дрвја)
Општина Врапчиште – с. Сенокос кон с. Горјане (мешана шума)
Македонија
(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со екипи на ЈП Јасен. Од воздух дејствуваат еден ер трактор на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира Дирекцијата за заштита и спасување.
Од таму велат дека една линија на пожарот која се протегала исклучително стрмно над асфалтираниот пат кој низ ловиштето Јасен води од Скопје кон езерото Козјак, е успешно изгасната од страна на армиските Волци со што е спасена поголема површина зимзелена шума.
Од ДЗ напоменуваат дека борбата со огнот на моменти е ризична поради што се уште не може да се воспостави контрола над овој шумски пожар кој се одвива на екстремно тежок терен.
Во врска со останатите пожари, ДЗС информира дека пожарот над с. Свиларе е целосно изгаснат додека пожарот на територијата на с. Радуша се уште е активен и се движи кон општина Јегуновце.