Регион
Црна Гора ги продолжува мерките поради коронавирусот до 30 април

Националното координативно тело на Црна Гора ги продолжи до 30 април мерките воведени за да се спречи ширењето на новиот коронавирус.
Во Црна Гора е воведен полициски час – од понеделник до петок од 19 до 5 часот следниот ден, в сабота од 13 до 5 часот следниот ден, а в недела од 11 до 5 часот наутро следниот ден.
Меѓу другото, во Црна Гора постои и забрана за собирање во станбени објекти за лица што не се членови на семејство.
Со мерките се предвидува ограничување на бројот на купувачите во однос на површината на продавницата, така што може да се лоцира само еден потрошувач на 10 квадратни метри.
Забрането е влегување странци, освен за оние со постојан или привремен престој во Црна Гора и за странци што управуваат моторни возила со кои превезуваат стоки.
Сообраќајот на стоки за потребите на Црна Гора, како и за транзитот, останува непречен, со посебни мерки на здравствена и санитарна контрола, пренесуваат црногорските медиуми.
Според оваа одлука, самоизолацијата останува задолжителна за сите црногорски граѓани, како и за странците што имаат постојан или привремен престој во Црна Гора, кои доаѓаат од странство.
Забраната за обезбедување угостителски услуги во хотелите, освен регистрирани гости, сè уште е во сила, а затворени се диско-клубови, барови и ноќни клубови, кафулиња, кафетерии, ресторани, освен угостителските објекти што обезбедуваат храна и овозможуваат преземање храна и оброци, со забрана за престој на гости во самите објекти.
Исто така, затворени се трговските центри, детските игротеки, фитнес-центрите, казината, обложувачниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.
Регион
Автобус со работници се преврте кај Сремска Митровица, има жртви

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 14:30 часот на излезот од Сремска Митровица, кај поранешната фабрика „Матроз“, кога автобус на „Сирмиумбус“ што превезувал работници од фабрика се превртел на кров, јави Нова.рс.
Според првичните информации, најмалку две лица загинале, а повеќемина се повредени и се пренесени во Општата болница во Сремска Митровица. На местото на несреќата се полицијата и противпожарните служби, а сообраќајот е блокиран поради увидот.
Фотографии од местото на настанот покажуваат долги колони возила на патот Сремска Митровица – Јарак. Истрагата за причините е во тек.