Македонија
Демократскиот сојуз бара да се свика итна седница на парламентот на која ќе се расправа за вонредната состојба
Демократскиот сојуз предлага претседателот на државата, Владата и најмалку 20 пратеници да побараат да се свика итна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на која ќе се расправа за вонредната состојба, причините и за ефектите од нејзиното воведува, потребата од продолжување, како и за мерките што се преземаат за спречување на коронавирусот Ковид-19, поставеноста и дејствувањето на здравствениот систем, функционирањето на безбедносниот систем и економските аспекти на кризата.
Демократскиот сојуз верува дека парламентот треба да отвори и сериозна расправа за издржаноста и оправданоста на мерките, подготовките за нивно олабавување, дали постои план за постепено активирање на бизнисот, враќање на животот во нормала, како и заштитата на човековите права.
Партијата укажува дека во согласност со Уставот, Законот за Собранието и Деловникот (член 5) за работа на Собранието, Собранието е во постојано заседание и мандатот на пратениците трае сè до верификација на мандатот на новоизбраните пратеници.
„Не постојат уставни и законски пречки да се свика парламентот, но политички постојат, поради тоа што многу од актуелните пратеници не се на кандидатските листи за пратеници. Можеби е тоа мотивот за блокада на парламентот. Инаку, нема никаква основа Талат Џафери и натаму да се спротивставува да свика седница на парламентот и на тој начин да оневозможува тој да биде вклучен во надминување на кризата од пандемијата“, велат од Демократскиот сојуз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

