Контакт

Европа

Едно од 3 лица во Велика Британија се откажало или го намалило алкохолот во изолација

Објавено пред

Мерките на изолација и воздржаност исто така го сменија ставот на граѓаните на Велика Британија кон алкохолот. Според студијата спроведена во таа земја, некои луѓе почнале да пијат повеќе, но повеќето намалиле со алкохол или престанале да пијат, пренесува „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

Едно од пет лица изјавило дека пие почесто во изолација. Но, истражувачите биле изненадени кога откриле дека едно од три лица го намалило внесувањето алкохол или престанало да пие. Шест проценти изјавиле дека престанале да пијат целосно. Истражувањето во кое учествувале повеќе од 2.000 возрасни лица го спровела организацијата Alcohol Change UK од 8 до 14 април.

Речиси 47 проценти од луѓето што пијат алкохол еднаш неделно или помалку престанале да пијат. Едно од пет лица вели дека пие еднаш дневно. Од оваа група едно од пет лица почнало да пие повеќе во овој период.

Професорот сер Јан Гилмор, претседател на организацијата Alcohol Health Alliance UK, рече дека многу луѓе го сфаќаат своето здравје многу сериозно за време на оваа епидемија и го намалиле пиењето алкохол, што е и препорака на Светската здравствена организација.

Европа

Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Објавено пред

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.

Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.

Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.

На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.

dobivaj vesti na viber

Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.

Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

Објавено пред

Едно лице загина, а петмина се повредени кога балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници.

dobivaj vesti na viber

„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри на земјата“, соопштија властите на Фрисланд додавајќи дека полицијата почнала истрага за несреќата.

Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри на земјата предизвикувајќи корпата да отскокне и исфрлајќи пет лица од него.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

(Видео) Драматично кај Јасен: Спречена катастрофа кога огнот се проширил кон блиските објекти

Голем е пожарот кој со денови беснее во ловиштето Јасен, а надлежните во повеќе наврати успеваат да го стават под...

Македонија44 минути

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

Поранешната претседателка на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, официјално најави кандидатура за градоначалничка на Општина Центар како кандидат на граѓанската политичка...

Свет55 минути

Путин: САД искрено се обидуваат да ја завршат војната во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека американската влада вложува искрени напори за прекин на конфликтот во Украина сугерирајќи дека Москва...

Топ2 часа

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се огласи по објавите во српските медиуми за тројно убиство во Боливија, во...

Македонија2 часа

Пуштена клучката Подмоље, власта уверува дека на автопатот Охрид – Кичево се работи забрзано

Денеска е пуштена во употреба клучката Подмоље, која го спојува Охрид со Струга, како и Македонија со Албанија, информира потпретседателот...

Македонија3 часа

Откриена царинска измама со увоз на месо во висина од 7 милиони денари

Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги при контрола на 21 увоз на месо од увозник открија царинска измама...

Европа5 часа

Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј...

Македонија7 часа

„Филипче да одговори дали јахтата на која плови со Заев е купена со пари од државни тендери“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„На лицемерието на СДС му нема крај. Додека на прес-конференции и преку соопштенија глумат загрижени за стандардот на граѓаните, нивниот...

Македонија8 часа

Активни два пожара на територијата на Македонија, под контрола ставени три

Центарот за управување со кризи извести дека во последното деноноќие, до 7 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно...

Македонија9 часа

ДОМ: Катастрофално однесување на владејачката коалиција во услови на екстремен топлотен бран, Владата ги заборави работниците

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро реагира на „катастрофалното однесување на владејачката коалиција во услови на екстремен топлотен бран“. ДОМ...

Регион9 часа

Вучиќ: Тешка вечер за граѓаните на Србија, со некое чудо успеавме да го зачуваме мирот

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвини демонстрантите за насилство синоќа, во услови на бран нови антивладини протести, и рече дека...

Европа9 часа

(Видео) Украинците нападнаа рафинерија за нафта во Волгоград, избувна пожар

Во напад со дронови во текот на ноќта беше погодена рафинерија во рускиот град Волгоград, предизвикувајќи излевање на нафта и...

Свет9 часа

Откриено е што ѝ понуди Трамп на Украина во замена за прекин на огнот; Оптимизам во Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп им кажал на европските лидери и на украинскиот претседател дека САД се подготвени да обезбедат безбедносни...

Свет10 часа

Каде ќе се одржи самитот Трамп – Путин? Локацијата има големо историско значење

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин в петок ќе се одржи во Елмендорф-Ричардсон, воена база...

Регион10 часа

(Видео) Судир меѓу поддржувачите на СНС и граѓани во Нови Сад, маж извади пиштол

Во близина на просториите на Српската напредна партија во Нови Сад, избувна судир меѓу поддржувачите на СНС и Александар Вучиќ...

Свет20 часа

Британски „Тајмс“: Новиот план на Трамп – Украина ќе ги зачува своите граници, но територијата ќе биде окупирана од Русите?

Русија и САД разговарале за израелската окупација на Западниот Брег како можен модел за завршување на војната во Украина, дознава...

Свет21 час

Трамп по разговорот со европските лидери и со Зеленски: Русија ќе се соочи со последици ако не се движи кон мировен договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денешниот разговор со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски бил „многу добар“. „Тој...

Европа23 часа

Зеленски не го промени својот став за територијалните отстапки

На прашањето дали го променил својот став за предавањето на источниот регион Донбас по денешните разговори, украинскиот претседател Володимир Зеленски...

Европа24 часа

Што сакаа да постигнат европските лидери преку разговорот со Трамп?

Можноста, американскиот претседател Доналд Трамп самиот да седне со Владимир Путин, предизвика нервоза кај европските лидери. Иако Трамп јавно покажа...

Македонија24 часа

(Видео) Повторно излезе од контрола пожарот во Јасен

Состојбата со пожарот во ловиштето Јасен е променлива, и во моментот не е воспоставена контрола, информираше директорот на Дирекцијата за...