Спорт
РФМ препорачува прекин на првенството, оваа година нема да има шампион?
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) донесе препорака за прекинување на ракометниот шампионат на Македонија, без да се додели титулата и во првенството и во Купот на Македонија.
„Земајќи ја предвид прогласената вонредна состојба во државата, како и продолжувањето на истата заклучно со 15.5.2020 година, дополнително и самиот факт дека поголемиот број договори на ракометарите/ките со клубовите имаат валидност заклучно до 31.05.2020 година, како и насоките од Европската Ракометна Федерација за завршување на националниот систем на натпревари до 31.5.2020 година, се наметнува заклучокот дека моменталната состојба не дозволува и не постојат реални услови за регуларно завршување на домашното првенството.
За сезоната 2019/2020 година ќе биде доставен предлог до УО на РФМ да нема прогласување на победник во националниот систем на натпревари во сите конкуренции и категории, истиот предлог ќе биде доставен и за Куп на Македонија 2020 година.
Местата во Европските клупски натпреварувања во ЕХФ и местата во регионалната Сеха лига ќе бидат распределени согласно критериуми од страна на УО на РФМ“, се вели во соопштението на РФМ.
Покрај ова, РФМ донесе одлука и за следната сезона 2020/21, во која Суперлигата ќе има 16 клубови, откако ќе влезат четири најдобри клубови од двете први лиги оваа сезона. Покрај тоа, 16-те тима ќе бидат поделени во две групи, од кои четирите најдобропласирани ќе играат плејоф, а четирите најслабопласирани ќе играат за опстанок во лигата.
Линк до соопштението на РФМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сабаленка го освои Бризбејн
Арина Сабаленка ја отвори новата сезона со трофеј на турнирот во Бризбејн.
Белоруската тенисерка рутински славеше во финалето против Марта Костјук со 2:0 (6:4, 6:3).
Арина ја освои својата 22-ра титула во кариерата и прва од Отвореното првенство на САД во 2025 година. Ова е нејзина шеста титула на турнирите од Серијата 500.
Сабаленка ги отвори двата сета со 3:0 и брзо стави до знаење во која насока оди овој натпревар, и дека ќе го освои купот во Бризбејн без премногу проблеми.
Следниот предизвик за Сабаленка е Отвореното првенство на Австралија, каде што освои два трофеи во последните три години. Минатата година, во финалето беше поразена од Медисон Кис.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Шарлот со 55 поени разлика ја декласира Јута
Кошаркарите на Шарлот убедливо ја победија Јута со 150:95, изминатата ноќ во НБА лигата. Ова е втората најголема победа во историјата на франшизата и најубедлива на гостински терен.
Веќе по првата четвртина, беше јасно дека Јута Џез ќе доживее дебакл, гостите погодија апсолутно сè и го добија првиот период со неверојатни 45:14.
Јута не можеше да се опорави од тоа, а Шарлот само продолжи да ја зголемува својата предност, која достигна максимум +56 во текот на третата четвртина.
Хорнетс постигнаа дури 16 тројки во текот на првото полувреме, во споредба со само една на домаќините.
Најефикасни кај Шарлот беа Тре Мен со 20, Брендон Милер со 18, Ламело Бол со 17, Мајлс Бриџис и Колин Секстон со по 15, Џош Грин со 13, Рајан Калкбренер и Кон Кнуепел со по 12 и Муса Диабате со десет поени и десет скока.
Кај Јута најдобар беше Брајс Сенсебо со 26, односно Ајзеа Коли со 17 поени.
Резултати:
Кливленд – Минесота 146:134
/Мичел 28 – Едвардс 25/
Индијана – Мајами 123:99
/Е. Нембхард 29 – Хиро 21/
Детроит – ЛА Клиперс 92:98
/Робинсон 20 – Леонард 26/
Бостон – Сан Антонио 95:100
/Вајт 29 – Вембањама 21/
Чикаго – Далас 125:107
/Вајт 22 – Р. Нембхард 16/
Спорт
Гундоган го убедува Силва да се пресели во Галатасарај
Галатасарај, во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе во Истанбул, Бернардо Силва (31).
Догороворт на Португалецот со Манчестер Сити истекува во јули, а познато е дека клубот нема да му понуди нов. Ова значи дека Бернардо веќе може да преговара со заинтересираните клубви.
Галатасарај, преку Илкај Гундоган (35), стапил во контакт со Португалецот.
Улогата на Илкај Гундоган е важна, бидејќи тој е еден од најдобрите пријатели на Силва и негов поранешен соиграч во Сити.
Гундоган разговарал со Силва и му го претставил турскиот клуб во многу добро светло, открива инсајдерот Николо Скира.
Бернардо Силва е легенда на Сити, со кого освои 18 трофеи од 2017 година.

