Црна хроника
Приведен скопјанец кој со себе носел украдени предмети

Полициските службеници во близина на продажен објект на улицата „Бранислав Нушиќ“, привеле 25-годишен скопјанец,
Како што јави МВР, при извршен преглед, кај лицето биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанка пронајдена почината во стан на Бит Пазар

Во СВР Скопје вчера во 10.30 часот е пријавено дека во стан на подрачјето на Бит Пазар пронајдена е почината М.Ш.(65) од Скопје.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на jавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција, соопшти полицијата.
Црна хроника
Починат маж пронајден на паркинг во скопски Центар

Вчера во 10.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг на подрачјето на Центар пронајден е починат С.А.(40) од с.Банско, струмичко.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Полицијата соопшти дека бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на jавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
Црна хроника
Управувал мопед со 2,14 промила алкохол во крвта: уапсен гостиварец

Вчера во 14.58 часот на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Е.С.(68) од Гостивар.
Тој управувајќи мопед изгубил контрола и паднал на коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.