Спорт
Златан повторно тренираше со Хамарби, 12 илјади го следеле преносот на ТВ!

Шведскиот клуб Хамарби повторно доби доза од Златан Ибрахимовиќ, откако фудбалерот на Милан третпат тренираше со нив, привлекувајќи фантастични 12.000 фанови на ТВ-екраните.
38-годишниот ветеран уште не одлучил дали и следната сезона да остане во Милан, зголемувајќи ги шпекулациите дека е можно да за игра за Хамарби во Алсвенскан, посебно бидејќи сега е акционер на клубот, потег кој ги налути неговите поранешни фанови во Малме, кои му ја урнаа статуата пред нивниот стадион.
Спортскиот директор Јеспер Јансон признава дека би сакал да го види Златан во дресот на „Бајен“, како што популарно го нарекуваат клубот.
„Секако, дека би сакале, но не сме разговарале за такво нешто. Јас зборувам со него бидејќи е делумен сопственик на клубот, но на теренот тој си го тера своето“, влеи Јансон.
Zlatan looks in fine form as he trains in Sweden with Hammarby pic.twitter.com/YphsgfNf0l
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) April 17, 2020
Närmar sig en övergång? ?
Zlatan Ibrahimovic tränar fortsatt med Hammarby: "Är han på plan vill man inte se ut som en sopa" pic.twitter.com/mQ8s8QtG9q
— Viaplay Fotboll (@ViaplayFotboll) April 17, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милан размислува за Фабрегас, алтернативи се Сари и Де Зерби

Фудбалскиот клуб Милан дури по завршувањето на сезоната ќе решава дали ќе му го продолжи престојот на тренерот Серж Консеисао, откако гласни се шпекулациите дека тој и пред завршувањето на првенството може да добие отказ.
Консеисао има клаузула во договорот според која Милан може да го раскине договорот на крајот од оваа сезона доколку не ги исполни амбициите и не ги постигне посакуваните резултати.
Милан испадна од Лигата на шампионите, во Серија А се маоѓа на осмото место со осум поени помалку од четвртата позиција. Клубот се уште е во трка за трофејот во Копа Италија, во полуфиналето ќе игра против Интер.
Во случај Милан да не обезбеди пласман во Лигата на шампионите, извесно е дека клубот повторно ќе бара нов тренер, а прв пик е Сеск Фабрегас, додека алтернативи се Роберто Де Зерби и Маурицио Сари.
Фабрегас одлично си ја врши работата на клупата на Комо. Бидејќи е косопственик на Комо, тој практично сам ќе ја решава својата судбина.
Роберто Де Зерби го води Олимпик Марсеј, а беше поврзуван со Милан минатото лето кога дојде Пауло Фонсека, додека Сари очајно сака да и се врати на тренерската работа, откако минатата сезона се раздели со Лацио. Сепак, Сари е мета и на Аталанта, која во него гледа идеална замена за Џан Пјеро Гасперини.
Спорт
Меси не го памети по добро престојот во ПСЖ

Аргентинецот Лионел Меси зборуваше за „Ејпл ТВ“ (еден од главните спонзори на Интер Мајами) за времето поминато во Пари Сен Жермен.
Тој вели дека тој дел од неговата кариера не бил најпријатен. Како што рече, секој ден бил незадоволен.
„Тие две години не ми беа пријатни. Не бев среќен, бев незадоволен секој ден, од тренинзите, натпреварите… Имав потешкотии да се адаптирам на сето тоа“, изјави Меси.
Неговиот партнер од тоа време Нејмар неодамна проговори за незадоволството на Аргентинецот во Париз.
Во таа изјава Бразилецот откри дека Килијан Мбапе му бил љубоморен на Меси, но и блиската врска која Бразилецот и Аргентинецот ја имале надвор од теренот.
Меси беше во Пари Сен Жермен од 2021 до 2023 година, кога по 23 години ја напушти Барселона.
Во Мајами е среќен, го најде тоа што го бараше и ужива во фудбалот, земјата, клубот…
„Доаѓањето во Мајами беше можност, особено откако работите не одеа добро во Париз. Таа одлука ( да се пресели во ПСЖ) морав брзо да ја донесам, бидејќи морав да заминам од Барселона“.
Спорт
Емери за Асенсио и Рашфорд: Фантастично се адаптираа

Астон Вила со победата над Кардиф обезбеди пласман во четвртфиналето на ФА Купот. Во победата блескаа Марко Асенсио и Маркус Рашфорд.
Двајцата и се приклучија на Астон Вила во јануари. Асенсио постигна два гола против Кардиф и има вкупно четири откако пристигна на Вила Парк. Додека Рашфорд забележа асистенција, негова трета откако го напушти Олд Трафорд. Тие заработија пофалби од тренерот Унаи Емери.
„Ова е важно и за тимот и за нив како поединци. Асенсио се адаптираше фантастично, исто како Рашфорд. Ќе ни бидат потребни за следните натпревари и предизвиците што ги имаме“, изјави Емери.
Астон Вила ФА купот последен пат го освои во далечната 1957 година. И покрај тоа што се еден од поквалитетните тимови во четвртфиналето, Емери не смета дека неговиот тим е фаворит.
„Сме кандидати, но не сме фаворити за трофејот. Размислуваме само за следниот натпревар. Во четвртфиналето сме и среќни сме, а сега следи Лигата на шампионите“.