Регион
Епидемијата на коронавирусот во Словенија се смирува, 9 заразени за 24 часа

Словенија на дневно ниво има 9 нови случаи на инфекција со коронавирус и нема регистрирано ниеден смртен случај, а словенечките епидемиолози проценуваат дека епидемијата се смирува, беше објавено денес.
Вчера биле извршени 1174 тестови и потврдени се девет нови случаи на инфекција со коронавирус, но бројот на починати остана ист, така што починаа 77 лица заразени со коронавирус, објави словенечката влада.
Според епидемиолозите, заразата со коронавирус продолжува да се смирува, за што сведочи тоа што за тројца е намалена хоспитализацијата на болните во понеделник во однос на неделата и сега вкупно има 85 хоспитализирани пациенти, додека оние кои се на интензивна нега се 25, и се исто така за еден помалку од претходниот ден. По закрепнувањето, уште четворица пациенти беа отпуштени од болницата во понеделникот.
Вкупниот број на потврдени инфекции со коронавирус од почетокот на епидемијата до крајот на вчерашниот ден се зголеми на 1.344 случаи, по 42.976 тестови.
Според словенечкото Министерство за здравство, сè уште најлоша е состојбата е во старските домови, каде што кривата на епидемијата сè уште не е во надолна линија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.