Свет
Кој би можел да го замени Ким Џонг-ун?

Северна Кореја никогаш досега не објавила кој би можел да го замени лидерот Ким Џонг-ун во случај тој да не е во можност да ја врши функцијата.
Нема ниту информации за неговите деца, а аналитичарите сметаат дека неговата помлада сестра и луѓето кои му се лојални би можеле да изберат „регент“ сè додека наследникот не биде доволно возрасен за да ја преземе должноста.
Јужна Кореја и кинеските власти изразија сомневање дека Ким е тешко болен по операцијата на срцето, но медиумите поставуваат прашање кој би можел да го замени 36-годишниот Ким, ако тој сериозно се разболи или почине, пренесува „Ројтерс“.
Ким дојде на власт во 2011 година, по смртта на неговиот татко, кој почина од инфаркт, а се шпекулира дека неговата помлада сестра Ким Џо Џонг (31), која изминатите две години најмногу го придружуваше на патувањата и собирите, е можен негов наследник.
„Ким Џо Џонг засега ќе биде главна сила со контрола на организациите и одделенијата за водење, правосудство и јавна безбедност“, изјави Чо Хан-Бум од корејскиот инситут за национална унификација.
Меѓу другите имиња кои се најдоа се и тетката на Ким, Ким Кјонг Хуи, која во јавноста не се појавила откако Ким нареди убиство на нејзиниот сопруг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бугарија обезбедува превоз и сместување за семејствата на повредените во пожарот во Кочани

Бугарските дипломати обезбедуваат превоз од Македонија до Бугарија и гарантираат дека оние што ќе пристигнат ќе имаат каде да се сместат.
Амбасадата на Бугарија во Скопје, заедно со Ситуациониот центар на Министерството за надворешни работи, помага во транспортот и сместувањето на роднините и пријателите на повредените од пожарот во Кочани, Македонија, кои се пренесени во бугарските болници, јави БГНЕС.
Бугарската држава прими 14 од повредените, кои беа пренесени со воен авион „Спарта“ и шест амбулантни возила.
Бугарската амбасада во Скопје ги известила најблиските членови на семејството на лицата кои се лекуваат во Софија, Пловдив и Варна дека Бугарија е подготвена да им обезбеди превоз и сместување за потребниот период на лекување.
Свет
(Видео): Двегодишно момче во САД пронашло пиштол и го застрелало својот близнак

Двегодишно дете е во болница откако случајно било застрелано од неговиот брат близнак, пишува Дејли мејл. Полицијата на округот Хенри одговори на дојавата за пукање во дом во Хемптон, Џорџија, пред пет дена околу пладне. Детето, чиј идентитет и пол не се објавени, било пренесено со хеликоптер од домот на 200 Robin Hood Lane, во мирна населба јужно од Атланта.
Службениците за итни случаи од пожарникарската и спасувачката служба на округот Хенри му пружиле прва помош на детето на местото на настанот пред да биде пренесено во болница. Според официјалните информации, детето е оперирано и сега е во стабилна состојба. Полицијата ја опколи куќата во која се случи престрелката. Жителите на населбата изјавија за Fox5 дека полицајците блокирале дел од улицата додека трае истрагата.
Истражителите веруваат дека братот близнак на детето го пронашол пиштолот и случајно го испукал. Засега не се знае кој го поседува оружјето и за каков тип на пиштол се работи, а за инцидентот засега никој не е обвинет.
На фотографиите од местото на настанот се гледа како инспекторите ја пребаруваат еднокатната куќа, која е одвоена од остатокот од улицата со полициска лента. Пред куќата може да се видат детски играчки, вклучувајќи мал автомобил и кошаркарски обрач.
Регион
Вучиќ: Ќе имаме избори на 8 јуни доколку не се формира нова влада до 18 април

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера на владина седница изјави дека оставката на премиерот Милош Вучевиќ ќе биде констатирана на седница на Собранието во вторник или среда. Од тој момент почнува да тече рокот за формирање нова влада.
Како што рече Вучиќ на седницата, тоа значи дека 18 април е крајниот рок за формирање на влада во Србија.
„Ако сакате, а ако не, тогаш одиме на избори, каде што рокот е од 45 до 60 дена. Тоа значи дека, ако не се формира влада, изборите би биле на почетокот на јуни – 1 или 8 јуни. Пологично е 8 јуни“, рече Вучиќ.
Да потсетиме, српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка на вонредна прес-конференција на крајот на јануари, што доведе до пад на целата влада. Падот на владата доаѓа во време на студентски и граѓански протести кои траат повеќе од три месеци, барајќи од властите да одговараат за несреќата во Нови Сад, кога 15 лица загинаа при уривање на настрешница на станицата.