Забава
Кралицата Елизабета го слави својот 94. роденден во карантин со принцот Филип
Кралицата Елизабета е принудена да го прослави својот 94. роденден далеку од своите најблиски.
Таа е во карантин во замокот Виндзор во Беркшир со нејзиниот 98-годишен сопруг, принцот Филип, а поради нивната заштита за време на пандемијата на коронавирус, намален е бројот на послугата.
Принцот првпат по три години се обрати пред јавноста заблагодарувајќи им се на клучните работници кои го овозможуваат функционирањето на светот за време на смртоносната пандемија на коронавирус.
Членовите на кралското семејство, како и остатокот од земјата, ги почитуваат мерките за социјална оддалеченост. Принцот Чарлс закрепна од коронавирусот во Биркхал, Абердиншир, Шкотска, каде што престојува со војвотката од Корнвол.
Вилијам и Кејт се наоѓаат во Анмер Хало, Норфолк, со своите деца Џорџ, Шарлота и Луис, додека Хари и Меган, кои ги напуштија своите кралски должности, се наоѓаат илјадници километри далеку во Лос Анџелес, со нивниот син Арчи.
Бакингемската палата претходно соопшти дека нема да има прослава на роденденот на кралицата на посебен начин. Сите нејзини телефонски и видеоразговори со семејството ќе бидат приватни.
Камбаните на катедралата во Вестминстер не ѕвонеа на нејзиниот роденден, што е првпат по повеќе од 10 години. Катедралата во моментов е затворена, пренесува „Метро“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашијан, како нејзина мајка, трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – „тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува“.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тикток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокираше сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација што ја комбинираше со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следеше лавина од коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тикток“, додека друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, искоментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на „Saturday Night Live“ по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната „Madeline“ и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето „правило“.
За сцената, таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни стајлинзи на Дакота Џонсон, поради кои речиси ја остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Џуниор, се вери со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а наскоро се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата нова свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е трет пат Доналд Трамп Џуниор да се вери. Претходно 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина започна минатата година, приближно во исто време кога Дон Џуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

