Македонија
Министерството за здравство предлага полициски час од 19 до 5 часот наутро
Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести на денешниот состанок донеле предлог за скратување на полицискиот час, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
Полицискиот час во текот на неделата ќе почнува од 19 часот и ќе трае до 5 часот изутрина. За време на викендот, полицискиот час ќе почнува од 13 часот во сабота и ќе трае до 5 часот во понеделник.
На возрасните лица им се продолжува времето на движење, од 8 часот наутро до 12 часот на пладне, а на младите до 18 години, од 13 часот до 16 часот.
Останува забраната за групирање на граѓани во поголема група од пет лица, соопшти Филипче.
На сметка на ова, се воведува задолжителното носење маски во затворени простории (маркети, банки, здравствени установи, аптеки, сите затворени објекти каде има повеќе лица), како и на отворените места каде што не може да се одржи физичка дистанца од два метра, како на пример пазарите.
Компаниите ќе бидат должни да воведат задолжителна опрема за своите вработени, рече министерот за здравство.
Овие предлози треба да поминат на владина седница за да стапат во сила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

