Спорт
Ракометната Бундеслига нема да продолжи, Кил е шампион!

Германците пресекоа, ставија точка на ракометната Бундеслига во сезона 2019/2020 и го прогласија тимот на Кил за национален шампион.
Кил, на 7 кола пред крајот, со одигран меч помалку од второпласираниот тим на Фленсбург, по 5 години чекање, го враќа пехарот во своја сопственост 21. пат во историјата.
Играчите на Кил не сакаа да дојдат до титулата на ваков начин, но, сепак, сезонава Кил беше најдобрата екипа во Бундеслигата.
„Секако дека би сакале да можеше да се заврши сезоната и се направивме по тоа прашање, но оваа пандемија на коронавирусот, едноставно, не ни дозволи, па не можевме повеќе да чекаме. Играчите би имале премалку време да се вратат во форма и ризикот од повреди би бил преголем“, рече претседателот на Бундеслигата, Уве Швенкер.
Заедно со Кил, место во ракометната Лига на шампионите има и за Фленсбург, а пласман во Европа ќе има и за Магдебург, Хановер и за Рајн Некар.
Ниту една екипа нема да го напушти елитното друштво, а од следната сезона ќе има два нови прволигаша, Кобург и Есен, па во лигата ќе се натпреваруваат 20 клуба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вардар не успеа да ја победи Беса

Фото/ facebook.com/@FKVardarSkopje
Вардар, по големата победа во Струга минатиот викнед, во 21.коло не успеа да ја победи Беса на домашен терен. Дуелот на националната арена „Тодор Проески“ заврши 0:0.
Вардар апсолутната доминација на теренот не успеа да ја материјализира барем со еден гол.
Вардар по некомплетното 21.коло се наоѓа на деветтото место со 17 бодови, додека Беса е претпоследна со два бода помалку.
Спорт
(Видео) Старт за „в затвор“ го реши дербито на јужен Лондон во ФА купот

Фудбалерите на Кристал Палас и Престон се пласираа во четвртфиналето на ФА купот. Кристапл Палас го победи Милвол со 3:1, а Престон со 3:0 го победи Барнли.
Дербито на јуѓен Лондон, дуелот меѓу Кристал Палас и Милвол го реши ужесниот момент во осмата минута. Голманот на Милвол Робертс доби директен црвен картон, поради ужесен старт врз напаѓачот на Палас, Матета.
Матета доби силен удар во главата, кој по укажаната прва помош е изнесен на носилки и веднаш префрлен во болница.
Mateta just got stretchered off after this from the keeper. 😱
pic.twitter.com/F2HSPp2Hwc— ace (@utd3ra) March 1, 2025
Домашните поведоа во 33. минута по автоголот на Танганга, а Муњоз во 40. минута ја зголеми предноста. Играчите на Милвол постигнаа гол за 2:1 во финишот на првиот дел, но не може да направат нешто повеќе со играч помалку. Нкетиа го реши прашањето за победникот со гол во 82. минута.
Престон на домашен терен го совлада Барнли со 3:0. Стрелци беа Брејди во 31. минута, Осмајиќ во 44. минута и Кин во 73. минута од натпреварот.
Спорт
Милан размислува за Фабрегас, алтернативи се Сари и Де Зерби

Фудбалскиот клуб Милан дури по завршувањето на сезоната ќе решава дали ќе му го продолжи престојот на тренерот Серж Консеисао, откако гласни се шпекулациите дека тој и пред завршувањето на првенството може да добие отказ.
Консеисао има клаузула во договорот според која Милан може да го раскине договорот на крајот од оваа сезона доколку не ги исполни амбициите и не ги постигне посакуваните резултати.
Милан испадна од Лигата на шампионите, во Серија А се маоѓа на осмото место со осум поени помалку од четвртата позиција. Клубот се уште е во трка за трофејот во Копа Италија, во полуфиналето ќе игра против Интер.
Во случај Милан да не обезбеди пласман во Лигата на шампионите, извесно е дека клубот повторно ќе бара нов тренер, а прв пик е Сеск Фабрегас, додека алтернативи се Роберто Де Зерби и Маурицио Сари.
Фабрегас одлично си ја врши работата на клупата на Комо. Бидејќи е косопственик на Комо, тој практично сам ќе ја решава својата судбина.
Роберто Де Зерби го води Олимпик Марсеј, а беше поврзуван со Милан минатото лето кога дојде Пауло Фонсека, додека Сари очајно сака да и се врати на тренерската работа, откако минатата сезона се раздели со Лацио. Сепак, Сари е мета и на Аталанта, која во него гледа идеална замена за Џан Пјеро Гасперини.