Македонија
(Видео) Арсовски: Кичеец го ослободија пред почетокот на најдолгиот полициски час во земјата
СДСМ и Зоран Заев очајно се трудат да ги прикријат трагите од случајот „Рекет“ кои директно водат до нив. Скандалозна е одлуката за пуштање на веќе осудениот од случајот „Рекет“ – Зоран Милески Кичеец и тоа ни помалку ни повеќе, го ослободуваат пред почетокот на најдолгиот полициски час во најголемата криза со Ковид-19. Очигледно го чекале правиот момент за да го ослободат, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Сега тој е на слобода и како и сите останати што избегаа, односно може да избега кога сака надвор од границите на нашата земја. Останува уште да се ослободат Катица Јанева од домашен притвор на слобода и Бојан Јовановски, алијас Боки 13, да биде пуштен од затвор во домашен притвор и Зоран Заев да биде сигурен потоа дека си го купил мирот за некое време.
Дали Зоран Заев со ослободувањето на Зоран Милески, кој воедно е осуден на неколкугодишна казна затвор за случајот „Рекет“, сака да ги прикрие трагите кои водат директно до него? Дали со ова Заев сака да не се шири повеќе истрагата и си купува мир за возврат Милески да молчи и да не ја говори вистината онаква каква што е? Со што биле уценети Заев и Русковска за да го ослободат Зоран Милески од домашен притвор?
Што може да проговори уште повеќе Зоран Милески, имајќи предвид дека во неговиот исказ директно алудираше на тоа дека Зоран Заев го известил Бојан Јовановски – Боки 13 дека се пријавени во Влада и индиректно го нотираше Зоран Заев за соучесник?
Ова е правната држава на Зоран Заев и СДСМ и може да се види на дело. Ослободување на криминалци и ништо повеќе. За 4 години ги ослободија сите можни криминалци. Оние кои се за во затвор се на слобода, а оние што се невини и се за на слобода, гнијат по затворите, само затоа што Зоран Заев и СДСМ така сакаат.
На Заев и СДСМ воопшто не им е важно дали граѓаните умираат или не од корона, ним им е важно единствено да се прикријат трагите од случајот „Рекет“ кои водат директно до врвот на СДСМ и Владата на Зоран Заев. Правдата за случајот „Рекет“ ќе дојде и тоа ќе дојде многу брзо по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт. Сите инволвирани ќе одговараат“, порача Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Облачно со повремени локални врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

