Свет
Трамп наложи уништување на иранските патролни чамци ако ги вознемируваат американските бродови
Американскиот претседател, Доналд Трамп, преку својот Твитер објави дека ѝ дал зелено светло на американската морнарица да ги нападне и да ги уништи малите ирански воени бродови ако почнат да ги вознемируваат американските воени бродови, пренесува „Спутник“.
Американската морнарица во повеќе наврати се пожали дека иранските патролни чамци опасно се приближуваат до нејзините разорувачи и носачите на авиони кои патролираат во регионот на Персискиот Залив.
На 15 април американската армија објави дека група од 11 бродови на ИРЦГ ги вознемирила американските воени бродови во северниот дел од Персискиот Залив.
„Бродовите на морнарицата на ИРГЦ постојано ги провоцираат американските бродови со екстремно доближување со голема брзина“, се вели во соопштението на Централната команда на американските воени сили.
Трамп и претходно го постави прашањето за иранските патролни чамци кои наводно ги провоцираат американски бродови. Тој побарал од поранешниот началник на Пентагон, Џејмс Матис, план за справување со иранските бродови.
Судир меѓу американските воени бродови и иранските патролни чамци може потенцијално да доведе до нова рунда тензии меѓу двете страни само четири месеци откако беа на работ на отворен воен конфликт.
Најновата ескалација се случи откако американските воздушни сили го убија иранскиот генерал Касем Сулејмани во воздушен напад во Ирак на 3 јануари годинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Иран: Протестите се резултат на неисполнети економски барања
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, денес изјави дека протестите во Иран се резултат на неисполнети економски барања и дека демонстрациите низ целата земја можеле да се избегнат доколку барањата на граѓаните биле земени предвид порано.
Зборувајќи на состанок со министерот за економија и неговите заменици, Пезешкијан ја нагласи потребата од „итно и децентрализирано пристапување кон економските проблеми“, објави ИРНА.
Тој, исто така, рече дека властите мора да ги следат барањата на трговците и другите слоеви на општеството за да најдат решенија за нивните грижи.
Тој додаде дека плановите за економски развој треба да се прошират надвор од главниот град, особено во јужните пристанишни градови.
Протестите избувнаа кон крајот на декември 2025 година поради влошувањето на економската состојба и прераснуваат во поширок предизвик за властите што владеат со Иран од Исламската револуција во 1979 година.
Свет
Кина: Се спротивставуваме на мешањето во внатрешните работи на Иран
Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, објави кинеското Министерство за надворешни работи, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.
Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, на редовната прес-конференција изјави дека Кина не одобрува употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи, коментирајќи ги изјавите на Трамп и повиците до демонстрантите во Иран да продолжат со своите протести.
Трамп им рече на демонстрантите дека „помошта е на пат“.
Свет
Зеленски за Иран: Тие не заслужуваат да постојат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поддржа американската позиција за Иран во своето дневно видео обраќање објавено на социјалните мрежи.
„Ја поддржуваме позицијата за Иран: режим кој траеше толку години и уби толку многу луѓе не заслужува да постои“, рече Зеленски.
Исто така, тој додаде дека „промените се неопходни“.
Пораката на Зеленски доаѓа во време кога голем број европски земји ги поканија иранските амбасадори на разговори во знак на протест против смртоносното задушување на демонстрантите.
Од друга страна, воениот непријател на Украина, Русија, инаку сојузник на Иран, го осуди она што го опиша како „субверзивно странско мешање“ во внатрешната политика на Техеран, пишуваат медиумите.

