Регион
Од 4 мај постепено ублажување на рестрикциите во Косово

Косовската министерка за економија, Розета Хајдари, изјави дека постепеното олеснување на мерките преземени во борбата против пандемијата и постепеното отворање на претпријатијата би можело да почне од 4 мај.
„Сметаме дека може да има услови за ова и се надевам дека во соработка со граѓаните овие мерки ќе бидат отстранети и порано. Тоа ќе зависи од развојот на ситуацијата со пандемијата“, рече Хајдари за КТВ.
Хајдари исто така истакна дека актуелната влада го наследила буџетот со минус од 300 милиони евра истакнувајќи дека станува збор за огромен долг.
„Итен финансиски пакет може да предложи само Владата. Не знам дали може да има паралелен пакет на собранието на Косово. Финансискиот пакет го изработува извршната власт и само тоа доаѓа предвид“, истакна таа.
Според неа, за време на пандемијата Владата презела мерки насочени кон зачувување на животите на граѓаните и тие имаат ефект, но исто така предизвикуваат и големи економски загуби. Хајдари рече дека е премногу рано да се проценат загубите на макроекономско ниво, но тие анализи ќе бидат направени во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Таксист од Непал протеран од Хрватска

Полициски службеници од Задар извршија кривична истрага против 34-годишен непалски државјанин, осомничен за кривично дело Фалсификување исправа. Имено, при засилен сообраќаен надзор, полициски службеници на 20 февруари во 23 часот и 56 минути запреле такси со задарски регистарски таблички управувано од 34-годишен непалски државјанин.
По натамошниот преглед и увид во странската возачка дозвола, полициски службеници се посомневале во нејзината автентичност и дека се работи за фалсификувана исправа. Возачот е приведен во полициска станица каде што била спроведена кривична истрага при што му била одземена возачката дозвола што ја користел.
Против 34-годишникот до надлежното државно правобранителство Задар е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело Фалсификување исправа. Согласно Законот за странци, на странскиот државјанин му е одземена дозволата за престој и работа и му е издадено решение за протерување од Европската економска зона со конкретен рок за напуштање и забрана за влез и престој.
Регион
Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

На автопатот „Патот на Арбр” (Руга е Арбрит) кој се протега од граничниот премин „Блато” кај Дебар до Тирана нема да се наплаќа патарина, објави албанскиот премиер Еди Рама, во директна комуникација со граѓаните на неговиот поткаст, „Очи во очи” на Фејсбук.
– Иако е дел од јавно-приватно партнерство (ЈПП), патарина нема да ја плаќаат ниту албанските граѓани, ниту странците, во време на мојот мандат. Овој пат е финансиран со албански средства. Како што се случува во многу земји во светот, на сите патишта може да се наплаќа патарина, но не и Патот на Арбр, додека сум јас на чело на владата – рече Рама.
Автопатот за сообраќај беше пуштен на крајот од ноември 2021 година, но поради изградбата на тунелот Муриз, сообраќајот на тој дел се пренасочуваше и патувањето траеше подолго.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во областа на грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 18 часот и 51 минути, се наоѓа на 53 километри североисточно од Ираклион на длабочина од приближно 10 километри, се вели во соопштението.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.