Спорт
Коронавирусот може да донесе (привремен) крај на ВАР-системот!

ВАР-видеосистемот за поддршка на судиите може да биде привремено сопрен поради коронавирусот и потребата за социјално дистанцирање кога УЕФА утре, најверојатно, ќе го суспендира користењето на технологијата оваа сезона.
Според францускиот „РМЦ спорт“, УЕФА сериозно размислува да го укине ВАР до крајот на сезоните во Лигата на шампионите и Лига Европа, а во Премиер лигата, на пример, се размислува да се користи мобилна единица наместо центарот во Стокли Парк.
Главната причина е што во собата со камерите има 30-ина луѓе што ги разгледуваат снимките, нешто што е во спротивност со повеќето препораки за социјално дистанцирање и единствено решение се мобилни комбиња надвор од стадионот, во кои би имало само тројца членови на ВАР-тимот.
Досега ова е користено само еднаш во Англија, при мечот Манчестер сити-Бартон Албион од Карабао-купот оваа сезона поради недоволните услови на стадионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ренџерс добија засилување од Борнмут

Глазгов Ренџерс добија нов десен бек. На едно годишна позајмица од Борнмут во Глазгов пристигна 25-годишниот Макс Аронс.
Аронс ја помина претходната полусезона во Валенсија, каде што одигра само четири настапи.
Поранешниот млад репрезентативец на Англија се наметна во дресот на Норич, со кој двапати избори промоција во Премиер лигата. Потоа, во 2023 година, потпиша за Борнмут во трансфер вреден седум милиони фунти.
Во првата сезона, тој одигра 20 натпревари за „црешите“, но во наредната сезона одигра само три натпревари.
Спорт
Ал Наср го отпушти Сетфано Пиоли

Италијанецот Стефано Пиоли повеќе не е тренер на саудискиот фудбалски клуб Ал Наср.
„Пиоли и неговите соработници повеќе не се во тренерскиот штаб на првиот тим“, се вели во соопштението на Ал Наср.
Италијанските медиуми шпекулираат дека Пиоли ќе се врати во Италија и ќе ја преземе Фиорентина.
Тој ја водеше Фиорентина две сезони, до 2019 година, а потоа пет години го водеше Милан, со кого ја освои титулата во Серија А. Тој го напушти Милан на крајот од сезоната 2023/24 и го презеде Ал Наср неколку месеци подоцна, кога Луис Кастро беше отпуштен.
Договорот на играчот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, со клубот истекува во понеделник, но јасно е дека Португалецот ќе ја продолжи соработката.
Ал Наср не бил шампион од 2019 година, а откако Роналдо пристигна пред две и пол години, клубот смени три тренери.
Тимот го освои третото место во првенството оваа сезона и ќе игра во Азиската Лига на шампиони.
Спорт
Хендерсон се договорил со Нотингем Форест

Џордан Хендерсон ќе биде првото засилување на Нотингем Форест во летниот преоден рок.
Поранешниот англиски репрезентативец и легенда на Ливерпул постигна принципиелен договор со „шумарите“. Наскоро ќе потпише двегодишен договор.
Хендерсон се враќа во Премиер лигата по три години. Претходно играше за Ал Етифак во Саудиска Арабија и Ајакс.