Спорт
Премиерлигашите се враќаат на тренинзи на 9 мај?

Клубовите од Премиер лигата планираат да се вратат на тренинзи на 9 мај и веќе им соопштиле на своите фудбалери да бидат подготвени да се вратат на работа, јавува биртанскиот „Сан“.
Премиер лигата официјално е суспендирана на неопределено време поради пандемијата на коронавирусот, која се прошири и во Велика Британија, и одлуката за продолжување на Лигата ќе зависи од владините препораки. Засега Британија е во „локдаун“ до 7 мај кога ќе се разгледа какви ќе се понатамошните мерки, но, според „Сан“, Премиер лигата добила условно зелено светло да се рестартира Лигата во средината на јуни без присуство на гледачи.
„На фудбалерите им е соопштено дека во средината на јуни ќе се почне со натпреварите и сите клубови прават подготовки да се вратат на тренинзи во средината на мај“, вели изворот на „Сан“.
Се очекува Премиер лигата да се врати како ТВ-настан, без присуство на гледачи и со мечеви на „Вембли“ во Лондон, каде што би се играле четири меча дневно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хојлунд е на чекор од трансфер во Милан

Милан продолжува со преговорите за Расмус Хојлунд со Манчестер јунајтед.
Преговорите со претставниците на играчот се во тек за да се разговара за проектот на клубот, а Хојлунд е отворен за доаѓање во Милан.
Деталите објавени минатата недела вклучуваат позајмица со надомест од 6 милиони евра, откупна клаузула од 45 милиони евра и покривањето на целата плата.
„Двете страни се блиску до договор“, тврди Фабрицио Романо.
Спорт
Лекип: Донарума се договорил со Сити

Еден од најдобрите голмани во светот, Џанлуиџи Донарума (26), чиј договор со ПСЖ истекува за 11 месеци, веројатно ќе ја продолжи кариерата во Манчестер сити.
Францускиот весник „Лекип“ тврди дека италијанскиот голман веќе ги договорил условите на договорот со „Граѓаните“, вклучувајќи ја и годишната плата. Според нивните изјави, раководството на ПСЖ бара обештетување од 50 милиони евра, а сè што останува е клубовите да го договорат обесштетувањето.
Донарума пристигна во Париз пред четири години од Милан, како слободен агент, без обештетување. Во сите сезони, тој се покажа како сигурен голман, па затоа шок предизивика одлуката на управата на ПСЖ да се откаже од италијанскиот репрезентативец.
ПСЖ веќе го пронајде наследникот на Донарума, а тоа е Лукас Шевалие, за кого Лил ќе добие 55 милиони евра обештетување (вклучувајќи бонуси).
За потсетување, ПСЖ официјално го објави списокот на играчи за финалето на Суперкупот на УЕФА против Тотенхем, потврдувајќи дека Италијанецот Донарума не е во тимот.
И покрај тоа што беше еден од клучните играчи во борбата на клубот за првиот трофеј во Лигата на шампионите минатата сезона, Донарума беше отстранет од составот и нема да патува на натпреварот од Суперкупот.
Спорт
Санчо само под свои услови ќе го напушти Манчестер јунајтед
Џејдон Санчо, еден од непожелните играчи на „Олд Трафорд“, им соопштил на клупските челници под кои услови ќе го напушти Манчестер јунајтед.
Санчо ја помина претходната сезона на позајмица во Челзи и постигна гол во финалето на Конференциската лига во победата против Реал Бетис (4:1).
Вкупно, Санчо одигра 41 натпревар минатата сезона во дресот на Челзи, но тоа не беше доволно „сините“ да го откупат неговиот договор.
Тие му платија на Манчестер јунајтед казна од осум милиони евра затоа што не сакаа да го откупат договорот на Англичанецот.
Санчо пристигна во Манчестер јунајтед од Борусија Дортмунд во 2023 година за над 80 милиони евра и заработува над 300 илјади евра неделно.
Според новинарот Греам Бејли, Јувентус и Борусија Дортмунд се два клуба кои би биле многу среќни да го видат во својот тим.
„Џејдон Санчо им стави до знаење на челниците на Манчестер јунајтед дека ќе замине само под услови што тој ги поставил. Тој одби да прифати намалување на платата за да потпише за Челзи иил Наполи, а истото може да биде и со Јувентус“, рече Бејли.
Санчо наводно е подготвен да седи на трибините и да не игра до јануари, па дури и подолго, додека не замине под условите што самиот ги постави.