Свет
САД ја повикaa Кина да ги затвори засекогаш пазарите на кои се продаваат диви животни

САД ја повикаа Кина да ги затвори своите „мокри“ пазари на кои се продаваат диви животни, поради врската меѓу нив и зоонозите, а Австралија ги повика земјите од Г20 да направат сличен потег затоа што ваквите пазари се ризик за земјоделската индустрија и здравјето на луѓето.
Се верува дека новиот коронавирус се појавил на таков пазар во Вухан, Кина, кон крајот на минатата година. Тој се прошири низ целиот свет и од него починаа над 180.000 луѓе, а заразени се повеќе од 2,6 милиони.
„Со оглед на силната врска помеѓу нелегалната продажба на диви животни на ‘мокрите’ пазари и зоонозите, САД ја повикаа Народна Република Кина трајно да ги затвори своите мокри пазари на диви животни и сите пазари што нелегално продаваат диви животни“, рече државниот секретар Мајк Помпео.
Сличен повик упати и Австралија, која ги повика земјите од Г-20 да ги затворат таквите пазари, што може да биде нова причина за тензии со Кина, откако Канбера повика да се поведе меѓународна истрага за пандемијата на коронавирус.
Кина издаде привремена забрана за продажба на диви животни на 23 јануари, но трајна забрана сè уште не е донесена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.
Свет
(Видео) Израелската армија собори четири ирански дронови, објавена е снимка

Во текот на ноќта, израелските воздухопловни сили соборија најмалку четири дронови лансирани од Иран кон Израел, а на снимката се гледа како хеликоптер за напад AH-64 Apache соборува два дрона за напад Arash-2 со долг дострел.
Overnight, the Israeli Air Force downed at least four drones launched by Iran against Israel, with footage showing the shoot down of two “Arash-2” long-range attack drones by an AH-64 “Apache” with the IAF. pic.twitter.com/JaYJ4V2lI7
— OSINTdefender (@sentdefender) June 20, 2025