Свет
(Видео) Шестмина загинати и 20 повредени во торнадата во Тексас и Оклахома
Најмалку шест лица загинаа откако речиси 22 торнада пројурија низ Јужниот Централен Регион на САД, уништувајќи се пред себе, пренесува РТ.
Три лица загинаа, а околу 20 беа повредени во страшното торнадо во Оналаска, Тексас, што се наоѓа на околу 90 милји северно од Хјустон. Двајца други загинаа во силното невреме во јужна Оклахома, а еден загинат има во Луизијана.
Националната метеоролошка служба го потврди присуството на големо и исклучително опасно торнадо кое се спуштило 18 часот по локално време. Видеото снимено од очевидци ја покажува целата моќ на колосалниот вител додека се формирал и пустошел во регионот.
I shot this video from just NW of Paris pic.twitter.com/9XbGa2Wryn
— Lonnie Norton (@CoachLNorton) April 23, 2020
Дополнителни снимки го покажуваат степенот на штетата на местото на најсилниот удар.
Екипите за пребарување и спасување пребаруваат низ остатоците од цели населби во потрага по жители кои можеби не успеале да се евакуираат навреме.
„Во тек е потрага и спасување, а засега имаме 20-30 повредени и три смртни случаи“, се вели во изјавата на Службата за управување со итни случаи во округот Полк.
Околу 9000 луѓе останаа без електрична енергија според обласната електроенергетска компанија, која рече дека торнадото им нанело екстремна штета на далноводите и дека е нејасно колку долго ќе биде потребно за екипите за да ја вратат електричната енергија.
Во меѓувреме, невремето ја погоди и Оклахома со таква сила што една сканија била превртена настрана.
Looks like a tornado just went through south of jet stream casino on I-35 @MikeMorganKFOR @kfor pic.twitter.com/nhT74ZcBIB
— Micah A. Wall (@micahwall16) April 22, 2020
Снимките прикажуваат торнадо кое го уништува градот Медил. Торнадото удрило во време кога луѓето се враќале од работа од два производствени погони.
Уште едно торнадо е потврдено во Јаспер, Тексас во близина на границата со Луизијана. Една жена, наводно, починала како резултат на силното невреме во Луизијана. До 22:30 часот по источно време во средата вечерта забележани биле вкупно 21 торнада во Тексас и Оклахома.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

