Свет
Германските муслимани бараат финансиска помош од државата за џамиите
Ајман Мазјек, претседател на Централниот совет на муслиманите, ја повика германската влада да им даде помош на џамиите кои се борат со финансиски проблеми поради пандемијата на Ковид-19, пренесува „Шпигел“.
Мазјек вели дека многу џамии во Германија се соочуваат со финансиски тешкотии поради режимот на ограничено движење и дека многу се на работ на банкрот, бидејќи се потпираат на индивидуални донации од верниците.
„Многу џамии се соочуваат со банкрот затоа што живееја надвор од донациите од петочните молитви. Тие наскоро веќе нема да можат да ги плаќаат закупнините, ратите за заемите за имот или нивниот персонал“, рече тој во интервју за „Шпигел“.
„За разлика од црквите, многу од џамите во Германија се финансираат само преку донации. Покрај тоа, 30 до речиси 50 отсто од овој приход се генерира на годишно ниво, особено во периодот на рамазан“, додаде тој.
Мазјек смета дека решението за проблемот треба да дојде во форма на финансиска помош од германската влада, велејќи: „Џамиите и нивните лидери се покажаа особено одговорни во периодот на пандемијата“.
„Тие се во окрузите и се неопходни институции за нашето општество. Затоа, владата мора да надомести во форма на парична компензација за загубата на приходите предизвикана од затворањето. Ако тоа не се случи, неколку џамии веќе нема да постојат по кризата. И со нив ќе исчезнат благосостојбата, грижата и социјалната интеграција што тие во моментот ја прават за нашето општество“, рече тој.
Многу германски џамии се финансираат од странство, особено од држави како Турција, кои во голема мерка ја финансираа изградбата на мега-џамијата во Келн, која беше завршена во септември 2012 година и официјално ја отвори исламистичкиот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Германија исто така претходно размислуваше да воведе „данок за џамии“ што ќе овозможи џамиите да се финансираат преку даночните пари и да ја отстрани потребата да се потпираат на странско финансирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамп: Можеби пријателски ќе ја преземеме Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно „ријателско преземање на Куба, пренесе Ројтерс. Тој рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио веќе се занимава со тоа прашање на многу високо ниво.
„Кубанската влада разговара со нас и се во големи проблеми. Немаат пари, немаат ништо сега, но разговараат со нас и можеби ќе имаме пријателско преземање на Куба“, изјави Трамп.
Trump: “We could very well end up having a friendly takeover of Cuba.” pic.twitter.com/QTeif4zCiE
— Conflict Alarm (@ConflictAlarm) February 27, 2026
Кубанската економија е во длабока криза, која дополнително се влоши по прекинот на испораките на нафта од Венецуела. Американското ембарго кон Куба беше дополнително заострено, а Трамп се закани со царини за секоја земја што ќе испраќа нафта на островот.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Во тешка трамвајска несреќа во Милано загина едно лице, а 39 се повредени, од кои некои потешко, јави Би-Би-Си.
Несреќата се случила околу 16 часот на улицата „Виторио Венето“, во северниот дел на градот, кога трамвај излетал од шините и удрил во зграда. Според првичните информации, жртвата е пешак, додека најголем дел од повредените се патници во возилото.
На местото на настанот интервенирале повеќе екипи на итната помош и цивилната заштита, а поставен е и шатор за згрижување на повредените. Има информации дека дел од луѓето биле заробени во оштетениот трамвај.
Сведоци изјавиле дека непосредно пред несреќата се слушнала силна бучава, по што трамвајот забрзал и удрил во објект. Еден од патниците изјавил дека помислил оти станува збор за земјотрес.
Причините за несреќата засега не се познати, а според медиумите, можно е возилото пребрзо да влегло во остра кривина. На местото на настанот пристигнал и градоначалникот на Милано.

