Македонија
Лекарската комора бара Судот на честа да одлучува за однесувањето на охридските лекари
Извршниот одбор и Комисијата за етички и правни прашања на Лекарската комора го осудува однесувањето на докторите од Инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Охрид, кои не овозможиле здравствена заштита на пациентот Мавлуле Ибрахими од с.Татеши, Струга, со симптоми на Ковид-19, која побарала здравствени услуги.
Покрената е иницијатива за поведување постапка пред Судот на честа при Лекарската комора, кој е независен и надлежен орган на Комората да расправа за одговорноста на докторите за сторена повреда на Кодексот на медицинската деонтологија.
„Во конкретниот случај тие постапиле несоодветно и несовесно со што го имаат нарушено угледот и достоинството на лекарската професија, како и моралните принципи, чесност и неопходна преданост кон вршење медицинскиот повик и дисциплина во извршување на лекарската професија. Согласно етичките принципи докторот е обврзан да укажува медицинска помош и да ја покаже својата хуманост на секој пациент кој ќе се обрати за лекарска помош до стручни лица“, соопшти Лекарската комора.
Комората уште еднаш апелира до докторите на медицина и до сите здравствени работници, да се однесуваат како што доликува на докторската професија, професионално, одговорно и разумно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

