Македонија
Нови 41 заболен од коронавирус, нема починати
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 29 излекувани пациенти. Од нив 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје – 21, Битола -3 и Струмица-1.
Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на Ковид-19. По градови: Скопје -17, Куманово -11, Прилеп– 5, Тетово – 3, Кавадарци – 1, Гостивар -1, Крива Паланка -1, Кичево -1, Неготино -1. Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1.300, а последната дистрибуција по градови е:
Скопје – 439
Куманово – 353
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –131
Тетово – 65
Струга – 55
Велес – 62
Битола –17
Охрид –15
Кавадарци – 5
Гостивар –14
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 28
Пробиштип – 2
Кичево – 3
Неготино -3
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 1
Валандово -1
Во изминатото деноноќие направени се 649 теста. Преку ИЈЗ –437, преку Ветеринарен ф-тет -23, Авицена –20, Биотек –49, Филип Втори (Жан Митрев) –90 и Систина со PCR метода -30. Досега во земјата се направени вкупно 13649 тестирања на Ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се лекуваат 63 пациенти. Од нив 23 на кислородна поддршка и 5 на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализиран е 31 пациент. Со потешка клиничка слика се 7 пациенти и 7 се приклучени на респираторна машина. Во болницата во Битола се лекуваат 11 пациенти, а уште 11 се следат на домашно лекување. Во моментов во Штип се хоспитализирани 3 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 13.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

