Македонија
Димитров: НАТО и ЕУ покажаа дека се силни организации што носат стратешки одлуки и во тешки времиња
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествуваше на онлајн-видеоконференција во коорганизација на Економскиот форум во Делфи и Атлантскиот совет, со наслов: „Дипломатијата во кризни времиња и други алатки за влијание во Југоисточна Европа во време на Ковид-19“.
Димитров во своето воведно излагање се осврна на влијанието и значењето на пристапувањето на Северна Македонија во НАТО, како и одлуката на Советот на ЕУ за почеток на пристапните преговори со земјава, притоа нагласувајќи ги, како што рече, вистинската сила и способноста на двете организации да се приспособат на новосоздадените услови и да донесат и други значајни стратешки одлуки.
„Овие два историски и долгоочекувани исчекора претставуваат зраци на светлина и надеж за нас, за регионот, во еден исклучително тежок период за целиот свет. Претставуваа и симбол за моќта на двете организации да носат стратешки важни и визионерски одлуки во кризни времиња. Благодарни сме за досегашната поддршка, која, се надеваме, ќе продолжи и во идното справување со последиците од овој заеднички непријател. Неопходно е координирано заедничко дејствување во духот на вистинска солидарност и отворена соработка меѓу земјите како побргу би излегле од тунелот“, истакна министерот во своето обраќање.
Меѓу панелистите беа разменети мислења за разните начини на соработка за надминување на пандемијата и последиците од неа, особено во научната и економската сфера.
Покрај министерот Димитров, други учесници на виртуелниот панел беа: Александрос Дијакопулос, советник за национална безбедност во кабинетот на грчкиот премиер, Метју Палмер, заменик-помошник на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Дејмон Вилсон, извршен потпретседател на Атлантскиот совет, и Катерина Соку, новинарка од дневниот весник „Катимерини“ и дописник од Вашингтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

