Вести
Австралија: Екстремистите од IS планираат напади врз политичари и владини згради
Австралиските разузнавачки служби утврдиле во петокот дека исламистичките екстремисти планираат напади врз австралиските политичари и владините згради, само еден ден откако полициските служби приведоа петнаесет лица во најголемата антитерористичка операција организирана во историјата на оваа земја, пренесуваат светските новински агенции.
Премиерот Тони Абот во говор одржан пред членовите на парламентот рекол дека издал наредба да се засилат мерките за безбедност поради потенцијални напади од австралиски државјани кои станале џихадисти за време на нивниот престој во Ирак и во Сирија.
Неколку стотици полициски службеници и припадници на тајните служби во четвртокот извршија рации во станбени и деловни објекти во редградија во Сиднеј и Бризбејн.
Неформалната комуникација на социјалните мрежи меѓу припадниците на екстремистичката група покажала дека потенцијални цели се австралиските политичари, нагласил Абот. „Токму затоа ги зајакнавме мерките за безбедност околу зградата на парламентот во Камбера каде ангажирани се голем број полициски службеници“, додал.
Австралиските власти стравуваат за безбедноста на своите граѓани поради големиот број австралиски државјани за кои се верува дека им се придружиле на милитантните групи во Ирак и во Сирија, и дека меѓу нив има и бомбаш самоубиец кој во Багдад во јули убил три лица, како и двајца мажи чии фотографии се појавиле на социјалните мрежи.
Се претпоставува дека околу 160 австралиски државјани активно ги поддржуваат или учествуваат во борбите на Блискиот исток, а се верува дека најмалку 20 од нив веќе се вратиле во Австралија поради што минатата недела првпат во земјата степенот за предупредување од терористички напади бил подигнат на „Висок“./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.