Спорт
Романците сезоната ќе ја завршат во Анталија?
Сезоната во фудбалскиот шампионат на Романија би можела да биде завршена во Турција. Медиумите во оваа земја тврдат дека сопствениците на клубовите на последниот состанок нашле неверојатно решение како да ја завршат сезоната. Два месеци клубовите би се престојувале во Анталија каде би ги одиграле последните осум кола.
Клубовите најпрвин би имале две недели за подготовки, а потоа би ја продолжиле сезоната која би завршила во јули.
Фудбалерите би биле изолирани во хотелите во едно-креветни соби. Целиот проект од сместувањето, преку превозот и изнајмувањето на стадионите според нивните проценки би чинел два милиони евра.
Хотелите во Анталија во овој период од годината се речиси празни. Најголем дел од нив имаат тренинг-центри. Проблем е само што дел од тие терени не ги исполнуваат условите за телевизиски прегледи.
На табелата во Романија лидер е Клуж со 30 поени, по 26 имаат Стеауа и Универзитатеа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мота ја одбил понудата да биде селектор на Србија
Српската фудбалска репрезентација утре на „Вембли“, со новиот селектор, Вељко Пауновиќ, ќе и се спротивстави на Англија во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Пауновиќ, официјално функцијата ја презеде минатиот понеделник од Драган Стојковиќ Пикси. Во пресрет на натпреварот, порталот „Foot mercato“, пишува дека пред да го ангажира Пауновиќ, Фудбалскиот сојуз на Србија го контаактирал Тијаго Мота.
Според овој извор, натурализираниот Италијанец ја одбил понудата, бидејќи бил заинтересиран за работа само во клупски фудбал.
Мота потпиша тригодишен договор со Јувентус во летото 2024 година, а бидејќи беше отпуштен од најтрофејниот италијански клуб веќе во март, тој е должен да му плаќа до истекот на договорот или до моментот додека тој не најде нова работа.
Ова значително ги одредува амбициите на човекот кој се истакна на клупата на Болоња во текот на предминатата сезона, иако во меѓувреме доби покани од Монако, Реал Сосиедад, Аталанта, Вулверхемптон и Ајакс.
Спорт
„Гардијан“ најавува сензационален трансфер на Хари Кејн
Британски „Гардијан“ го најави сензационалниот трансфер на Хари Кејн.
Според лондонскиот весник, капитенот на англиската репрезентација ќе се пресели од Баерн во Барселона следното лето, а Џоан Лапорта ќе ја плати клаузулата откуп од 65 милиони евра.
Кејн, кој и самиот е „помлад“ ветеран на 32 години, ќе ги следи стапките на Роберт Левандовски, кој го напушти Минхен на 35 години и потпиша за Барса за 20 милиони евра помалку.
Полјакот целосно ја оправда инвестицијата на теренот и постигна (досега) 108 гола за „блауграна“, иако многумина во тоа време се сомневаа во него, наведувајќи ја возраста како причина за тоа.
Англичанецот се приклучи на најтрофејниот германски клуб пред две години за 100 милиони евра, ја игра третата сезона во Баварија, а потоа, како што тврди „Гардијан“, ќе се обиде да бара нов предизвик во новата фудбалска култура. Ова приближно се совпаѓа со најавите за заминување на Левандовски на крајот од сезоната.
Кејн има договор со Баерн до 2027 година. Интересно е што неговиот моментален скор во Минхен е 108 гола.
Тој постигна 76 гола на 110 натпревари за репрезентацијата на Англија.
Спорт
Тото Волф го продава својот удел во Мерцедес?
Шефот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф, наводно е подготвен да продаде дел од својот удел од 33 отсто во тимот, кој се проценува на рекордни пет милијарди евра. Се вели дека Волф, кој ќе остане на своите должности како извршен директор и шеф на тимот, е во напредни разговори со неоткриен купувач за продажба на „средно едноцифрен удел“ во неговата компанија, која поседува акции на Мерцедес.
Портпаролот на тимот Мерцедес во Формула 1 не сакаше да ги коментира овие наводи.
„Управувањето со тимот ќе остане непроменето, а сите три партнери (Мерцедес-Бенц, Тото и ИНЕОС) се целосно посветени на успехот на Мерцедес-Бенц во Формула 1“.
Германскиот автомобилски гигант Мерцедес-Бенц, Волф и британската хемиска компанија ИНЕОС моментално поседуваат по 33% удел во тимот, а британскиот милијардер Џим Ратклиф поседува контролен удел.
Во периодот од 2014 до 2021 година, Мерцедес освои осум титули светски шампионски тим, а Луис Хамилтон беше најдобар во пласманот на возачи седум пати, една титула освои и Нико Розберг.
Тимот е на второто место на три трки до крајот на оваа сезона, во која втората последователна титула светски шампион ја обезбеди Мекларен. На последната трка одржана на патеката Интерлагос во Сао Паоло, возачите на Мерцедес го освоија второто (Кими Антонели) и четвртото место (Џорџ Расел).

