Контакт

Вести

Нова грешка на CNN – ги измеша Обама и Осама

Објавено пред

Вработените во некогаш влијателната американска телевизиска мрежа CNN го заменија ликвидираниот челник на глобалната терористичка мрежа Осама бин Ладен со американскиот претседател Барак Обама, на текстот од титлот „маринецот го уби Обама“ кој во централните вести стоел околу една минута пред да биде забележан и сменет.

dobivaj vesti na viber

Во споменатите вести на CNN беше емитуван прилог посветен на темата којашто деновиве ја бранува американската јавност, околу тоа кој е всушност човекот кој на 2-ри мај во пакистанскиот град Аботебад со три истрела го ликвидираше идеологот на Ал Каеда, Осама бин Ладен.На грешката, која инаку се состои во една буква – Obama и Osama, сигнализирале обични корисници на Twitter , како и голем број новинари на американски медиуми.„Леле! Маринците излегле од контрола“, коментираше на својот профил на Twitter, дописникот на BuzzFeed, Џон Пасантино. „Кого само ќе отпуштат. Господ нека му е на помош“, коментираше новинарката на порталот Chron, Кетлин Меккинли. „Упс! Го убиле Обама?“, праша корисникот на социјалната мрежа Мајк Глосон, кој подоцна изрази благодарност до CNN поради тоа што неговиот твит на оваа тема ја „запали“ социјалната мрежа.Според ресурсот Business Insider, вработените во CNN потоа го замениле „Обама со бин Ладен“ за еден минута.Американската телевизиска мрежа CNN годинава поради слични грешки неколкупати беше во фокусот на корисниците на социјалните мрежи и медиумите. Така, сумирајќи го прелиминарните резултати од гласањето на референдумот за независноста на Шкотска, кога објави дека одѕивот на гласачите изнесува 110 отсто. Според скриншотот од официјалниот акаунт на Twitter кој му припаѓа на британскиот новинар Стиг Ејбл, американската телевизија коментирајќи ги првичните резултатите од референдумот за шкотската независност на 18-ти септември, наводно на гласање излегле 110 отсто од Шкотите со право на глас. „58 отсто – да, 52 отсто – не“, информираше CNN.Што се однесува, пак, до некогаш влијателната американска телевизиска мрежа CNN во серијата грешки за кои дојде во ударните вести на медиумите, таа на почетокот од јули годинава извештајот за влегувањето на украинските сили во источниот град Славјанск, го илустрираше со карта на којашто градот е сместен во црноморскиот полуостров Крим. Грешниот графички приказ беше искористен за време на извештајот за влегувањето на украинските сили во источните градови Славјанск и Краматорск. Двата града се наоѓаат во Донецкиот регион, а растојанието меѓу двата града изнесува 18 километри. Во прилогот Славјанск, град со 130 илјади жители, беше прикажан како селото Раздолное во северозападен Крим, на растојание од 450 километри од Краматорск.На крајот од мај CNN, исто така, имаше гаф во извештај во врска со Славјанск, кога објави снимка од настан во Сирија кој се одиграл половина година претходно, со кој го илустрираше уривање на хеликоптер на украинската армија крај побунетиот Славјанск, кога загинаа 14 војници.Претходно, исто така, во мај, CNN безуспешно се обиде да ги исплаши корисниците на својот портал iReport, кој всушност е своевидна социјална мрежа, со крајот на светот, при што во написот беше наведено дека гигантски астероид ќе се судри со Земјата, и тоа на 35-ти март 2041 година.Пред неколку месеци CNN со дозволи темелна географска грешка, на местото на Украина прикажувајќи ја територијата на Пакистан, како што пред крајот на минатата година на географската мапа кинескиот мегалополис Хонгконг го помести во Јужна Америка./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Собранието не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска во рамки на 66. седница не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да...

Македонија3 часа

Собранието одлучи по скратена постапка да бидат донесени измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска одлучи по скратена постапка да бидат донесени измените и дополнувањата на Изборниот законик, кои, меѓудругото, го регуралираат учеството...

Македонија5 часа

Им побарал 10.000 евра за да им среди во постапки во Кривичен и Апелационен суд во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел Наредба за спроведување истражна постапка против...

Македонија5 часа

Левица: Штрајкот во пералната на Клинички центар е аларм за распад на јавното здравство

Штрајкот на вработените во пералната на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е аларм за целосен распад на јавното здравство, предупредуваат од...

Македонија6 часа

(Видео) Кога во пожар не може пинцгауер, гранка му е мајката: Ангелов со малку шега го покажа херојство на четата на Цветко од Рогачево

Со лопати, стапови, гранки во рацете и светилки на главите седуммина доброволци од Рогачево заедно со екипите на Дирекцијата за...

Македонија8 часа

Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој...

Свет8 часа

Владимир Путин доби писмо од Меланија Трамп за киднапираните деца за време на војната во Украина

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, го покрена прашањето за тешката положба на децата во Украина и Русија во...

Свет8 часа

Трамп и Путин се ракуваа, а во Украина се огласија сирени за воздушен напад преку руските беспилотни летала

Во Анкориџ, Алјаска, со надлетувања на борбени авиони, црвен тепих и слоганот „Стремеж за мир“, американскиот претседател Доналд Трамп го...

Свет9 часа

Трамп и Путин не постигнаа договор за прекин на војната во Украина

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, не постигнаа договор за прекин на војната во Украина по...

Свет18 часа

(Видео) Прашањето за цивилите, возењето во лимузината и ракоплескањето во фокус во јавноста по стартот на средбата меѓу Трамп и Путин

За време на средбата во Алјаска, американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, позираа пред собраните фоторепортери. Во...

Свет19 часа

(Видео) Трамп и Путин на историска средба во Алјаска, состанокот би можел да трае со часови

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин се сретнаа во Алјаска. Откако се поздравија, се ракуваа и...

Свет21 час

Трамп: Европа нема да ми каже што да правам, ако состанокот со Путин не е добар – ќе си заминам

Американскиот претседател Доналд Трамп е на пат кон Алјаска каде што ќе има историска средба со рускиот лидер Владимир Путин....

Македонија1 ден

Поднесена кривична пријава против ексдиректорката од Демир Хисар за криење службени печати

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Демир Хисар поради одземање или уништување службен печат или...

Македонија1 ден

Ивановска: 11 часа по објавувањето на кандидатурата за градоначалничка, полицајци затропаа на мојата врата

11 часа по објавувањето на мојата кандидатура за градоначалничка на општина Центар, полицајци затропаа на мојата врата, објави поранешната претседателка...

Економија1 ден

Муцунски: Македонија е рангирана меѓу првите во Европа и шеста во светот по обем на гринфилд-инвестиции

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Гоце Димоски, денеска...

Македонија1 ден

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

Тимовите на Државниот пазарен инспекторат од денес на терен ги контролираат правните субјекти дали се придржуваат до одредбите на владината...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД 

„Како претседател на Владата, секогаш еден од моите врвни приоритети била безбедноста на државата, за чување на мирот, стабилноста на...

Свет1 ден

(Видео) Лавров пристигна на Алјаска облечен во џемпер со натпис „СССР“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе му претстави јасна и разбирлива позиција на американскиот претседател...

Свет1 ден

(Видео) Путин оди на средбата со Трамп, снимен неговиот конвој

Рускиот претседател Владимир Путин е снимен како патува во оклопна лимузина, со огромен конвој што поминува низ затворени патишта, пред...

Македонија1 ден

(Видео) Ангелов: Најтешкиот пожар е во Јасен, кај Јегуновце изгубивме контрола над еден крак

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, извести дека во текот на вчерашниот ден имало повеќе од 30 пожари на отворен простор,...