Македонија
Народниот правобранител со препораки за правата на децата во вонредна состојба
Народниот правобранител со големо внимание ги следи мерките на Владата во врска со пандемијата на вирусот Ковид-19, и во таа насока остварувањето на правата на детето во услови на прогласена вонредна состојба во државата.
Следствено, поради зачестените јавувања и реакции на родители преку социјалните мрежи во врска со неможноста да остварат непречени лични односи и непосредни контакти со децата со кои не живеат, како и следејќи ја состојбата со остварувањето на правата на децата сместени во јавни установи, прифатни центри, деца во вонинституционалните форми на згрижување, децата со попреченост, деца лишени од слобода, како и други групи деца во ризик, како ранлива категорија, отвори предмет по сопствена иницијатива, се вели во соопштението упатено од канцеларијата на народинот правобранител Иџет Мемети.
Констатирано е дека поради полицискиот час, односно ограниченото движење на граѓаните, вклучително и децата, оневозможено е остварувањето на правото на детето на непречени лични односи и контакти со родителот со кого не живее, а во одредени случаи, пак, според родителите, средбите не се реализирани подолг временски период (со месеци), поради несоработка на родителот кај кого се доверени децата на чување, во кои случаи, моменталната состојба на прогласена пандемија се користи како причина за наводна заштита на детето и недозволување на другиот родител да го види детето/цата и да остварува средби, однсосно ограничување на контактите на детето со родителот со кого не живее.
Од друга страна, некои од родителите дури биле исклучени од секаква информација во врска со состојбата на децата, па биле принудени да добијат известувања од матичните лекари на децата, што е спротивно на најдобриот интерес на детето. Покрај наведеното, со цел спречување на ширењето на вирусот, во установите/вонинституционалните форми за згрижување забранети се посетите на децата, а образовниот процес се одвива онлајн, преку интернет.
На Народниот правобранител му е познато дека Владата преку надлежното Министерство за труд и социјална политика апелираше до родителите во меѓусебна соработка да ги остваруваат определените лични контакти на детето со родителот со кого не живее, при што детето да не биде изложено на опасностите кои ги носи пандемијата, и ваквиот потег се поздравува.
Меѓутоа, имајќи ги предвид гореспоменатите сознанија како и досегашното искуство и констатациите на Народниот правобранител за повреда на правото на детето да расте со љубовта и грижата од двајцата родители, дури и кога истите не живеат заедно, се добива впечаток дека едниот родител ја злоупотребува настаната состојба, во насока на спречување на детето да остварува лични односи и контакти со другиот родител.
Народниот правобранител, тргнувајќи од Конвенцијата за правата на детето, потсетува дека државата има обврска да обезбеди посебна грижа за детето, особено во услови на вонредна состојба. Во тој контекст, ограничувањето на уживањето на одредени човекови права треба да биде сразмерно и да се сведе на минимум, при што треба да се обезбедат гаранции дека одговорите (мерките) на пандемијата, вклучително и ограничувањата и одлуките го отсликуваат принципот на најдобар интерес на детето.
Според член 9 од Конвенцијата за правата на детето, државата треба да обезбеди ниедно дете да не биде одвоено од своите родители против негова волја, освен кога надлежните органи, врз основа на судски увид, во согласност со соодветниот закон и процедури, одлучат тека таквото раздвојување е неопходно и е во најдобар интерес на детето.
Државите членки го почитуваат правото на детето кое е одвоено од едниот или двајцата родители да одржува лични односи и непосредни контакти со двајцата родители врз постојана основа, освен ако е тоа во спротивност со најдобрите интереси на детето.
Народниот правобранител, согласно член 32 од Законот за народниот правобранител, информирајќи ја Владата за добиените сознанија, а имајќи го притоа и мислењето на Комитетот на ООН за правата на детото, во врска со падемијата од коронавирусот препорачува зголемена претпазливост и дополнителни мерки за заштита на правата и интересите на децата. Во тој контекст, Народниот правобанител препорачува:
– Со особено внимание да се анализираат ефектите на мерките и да се разгледаат здравствените, социјални, образовни, економски и рекреативни влијанија на пандемијата врз правата на детето;
– Да се обезбедат гаранции дека одговорите на пандемијата, вклучително и ограничувањата и одлуките за распределба на ресурсите, го отсликуваат принципот на најдобар интерес на детето;
– Министерството за труд и социјална политика преку надлежните органи, вклучително и меѓуопштинските центри за социјална работа редовно и континуирано да го следи начинот и динамиката на остварување на правото на лични односи и контакти меѓу децата и родителот со кого не живеат, и следствено соодветно да реагираат, почитувајќи го принципот на најдобар интерес на детето;
– Во случаи кога родителите се попречени (оневозможени) во остварувањето на правото на видување со детето со кого не живеат, поради ограниченото движење, да се преземат мерки и да им се овозможи да ги земат децата и да ги вратат повторно кај родителот со кого детето живее, согласно утврденото во решението за видување од надлежен орган и почитувајќи ги протоколите за обезбедување хигиенски и други стандарди;
– Министерството за труд и социјална политкка, надлежнит меѓуопштински центри за социјална работа, инспекциските служби, во соработка со другите министерства да преземат мерки со цел превенирање, заштита и спречување на какво било насилство и злоупотреба на децата во семејството, установите/институциите и други форми на вонинституционално згрижување. Следствено, навремено и соодветно да интервенираат со цел заштита на децата од штетните последици по нивниот живот, здравје, опстанок и развој;
– Министерството за образование и наука, како и другите надлежни органи во сферата на воспитанието и образованието на децата, континуирано да го следат начинот на учење преку интернет, со цел да се обезбедат гаранции за интеракцијата меѓу учениците и наставникот/ите;
– Да се преземат мерки за обезбедување на потребната поддршка за децата и семејствата кои имаат ограничена или, пак, немаат пристап до технологија или интернет, или немаат соодветна родителска поддршка. Да се изнајдат достапни алтернативни решенија за да имаат корист од упатствата и поддршката што ја даваат наставниците, со што ќе се превенира состојба на нееднаквост меѓу децата;
– За децата кои потекнуваат од сиромашни семејства, децата кои живеат во супстандардни услови, децата без елементарни услови за живот, да им се овозможи остварување на основните услуги, вклучително здравствена заштита, пристап до чиста вода за пиење и санитарни јазли, со цел одржување на потребната хигиена, која меѓу другото е задолжителна во вакви услови.
– За децата чиешто раѓање не е запишано во матичната книга на родените услугите за регистрација на раѓањето да не се прекинат, напротив постапувањето да се интензивира, со оглед дека истото е предуслов за остварување на гарантираните права;
– Да се преземат мерки за почитување на правото на секое дете на недискриминација, како и мерки за заштита на децата чија ранливост дополнително е зголемена поради исклучителните околности предизивикани од вурусот (деца со попреченост, деца на улица, деца со проблеми во однесувањето сместени во вонинституционални форми на згрижување (мали групни домови, згрижувачки семејства), деца баратели на азил, непридружувани деца, бегалци, внатрешно раселени деца, како и оние лишени од слобода), кои може да се соочат со дополнителни тешкотии зад затворени врати. Во тој контекст да се зајакнат можностите и да бидат што повеќе достапни други начини на известување и пријавување на какви било повреди/злоупотреби/насилство и сл. до надлежните органи, кои, пак, треба да интервенираат итно и неодложно.
– Во институциите каде децата се лишени од слобода и во кои се донесени мерки за ограничување на посети и можности за контакти поради вонредната состојба и спречување на ширењето на вирусот, поради продолжената вонредна состојба да се преиспитаат мерките што забрануваат посети или, пак, да се обезбедат други начини (алтернативни) за одржување редовен контакт на децата со нивните семејства и блиски роднини, секако почитувајќи ги притоа протоколите за хигиена и одржувањето на други стандарди, имајќи го предвид фактот дека овие контакти се еден од значајните фактори за ресоцијализација и промена на однесувањето кај децата во судир со законот, односно децата во ризик;
– За децата со попреченост, децата мигранти и оние со ограничен пристап до интернет да се обезбедат точни информации за вирусот, начините за заштита, односно спречување на инфекцијата, на јазик и формати кои што се разбирливи и достапни.
Со оглед дека станува збор за деца, односно ранливи групи, имајќи ги предвид можните негативни влијанија на настанатите промени врз нивниот целокупен раст и развој, Народниот правобранител препорачува секогаш кога е можно да се слушне и земе предвид мислењето на децата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ и „Зегин“ целосно опремија два кабинета за рана интервенција
Вчера беа пуштени во употреба два кабинети за рана интервенција во Центарот за рехабилитација на патологијата на вербалната комуникација, значително проширувајќи го капацитетот на Центарот за поддршка на децата од најмала возраст. Оваа активност е донација на Фондацијата д-р Верица Механџиска и Зегин и ја одразува нивната континуирана посветеност за унапредување на заедницата и создавање на поинклузивно и похумано општество.
Овие кабинети претставуваат наменски простории за рана интервенција дизајнирани да ја поттикнат комуникацијата, социјалната интеракција и когнитивниот развој преку структурирана игра и целни терапевтски активности. Покрај тоа, овие сензорни простори нудат опрема и алатки што им помагаат на децата да го регулираат сензорниот влез, да го подобрат фокусот и да изградат основни вештини за раст и развој.

„Веруваме дека секое дете заслужува можност да го достигне својот целосен потенцијал и горди сме што можеме да придонесеме во создавањето простори каде што децата можат да растат, да учат и да напредуваат“, истакна Викторија Механџиска. Оваа донација од Фондацијата д-р Верица Маханџиска и Зегин е продолжување на успешната соработка со Центарот на кој пред неколку месеци му се донираше и најсовремен апарат за транскранијална магнетна стимулација (TMS M50 Ultimate).

„ Опремувањето на двата кабинета за работа со деца со развојни потешкотии од страна на Фондацијата „Др Верица Механџиска“ и Зегин претставува голем чекор напред во создавањето подобри услови за нивно образование, рехабилитација и социјализација. Оваа и нивните претходните донации се пример за општествена одговорност и хуманост, покажувајќи дека заедницата може да биде силен партнер во создавањето инклузивно општество“ изјави Нермин Теловска, директор на Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација.

Новите кабинети за рана интервенција од денес официјално ќе бидат отворени за семејствата. Со оваа донација се очекува Центарот да го зголеми бројот на деца опфатени во индивидуализираните програми за терапија кои ги нуди.
ПР
Македонија
Вонредна седница за свлечиштето на Водно бара советничката група на Левицата во Центар
Советничката група на Левица во Општина Центар побара вонредна седница на Советот, поради како што истакнуваат, сериозните информации за активирано лизгање на земјиштето на падините на Водно, непосредно над населените делови на општината.
„Сметаме дека јавноста има право да знае што точно се случува, кои мерки се преземаат и дали причините за оваа појава се поврзани со долгогодишното и неконтролирано градење на ридот.
Од градоначалникот и надлежните очекуваме итен и одговорен одѕив, затоа што станува збор за потенцијален ризик кој директно влијае врз безбедноста на граѓаните. Потребно е да се утврди не само моменталната состојба на теренот, туку и пошироката слика – дали постојните градежни активности, прекумерната сеча, недоволната дренажа и преоптоварувањето на падините придонеле за појавата на свлечиштето. Од особено значење е да се добие прецизна информација колку активни градежни маркици сѐ уште постојат на овој потег, кои инвеститори стојат зад нив и дали воопшто е дозволиво продолжување на какви било активности без претходна ревизија“.
Овој рид, нагласуваат од Левица, веќе со години е жртва на алчни урбанистички политики креирани според интересите на градежното лоби, а не според јавниот интерес и безбедноста на жителите.
„Инсистираме на транспарентност, одговорност и итна интервенција. Безбедноста на граѓаните мора да биде над сите други интереси“, велат од Левица.
Македонија
(Видео) Димитриевски: Нов скандал што мириса на корупција, власта дава 10 денари за килограм за неколку винарници наместо за лозарите
После скандалот со ИПАРД на повидок е уште еден во низата коруптивни скандали во ресорот земјоделство. И тоа на штета на земјоделците и на лозарите, истакна на прес-конференција Александар Димитриевски од СДСМ.
„Според нашите информации, пред три дена, на 25.11.2025 на владина седница е донесена одлука за дополнување на програмата за интервентен фонд со мерка за доделување на финансиска поддршка за откупен килограм грозје, ама не за лозарите, туку за винариите. Оваа одлука се уште не е објавена во Службен весник. Но внимавјате сега, одлуката не е за 2, не е за 3, туку за 10 денари по откупен килограм да им се додели на винариите! Владата на Мицкоски и министерството на Трипуновски нема пари по 3 денари да им даде на лозарите ама ќе им дава 10 денари по килограм на винариите откако преходно им даде 2 денари“.
Според него, она што е запрепастувачки, е што периодот е само за откупено грозје во периодот од 17.09.2025 – 31.10.2025 година.
“Оваа наменска мерка на владата значи финансиска поддршка само за многу мал број на винарии, а не за лозарите. Зошто мал број винарии се поважни од лозарите? Второ, висина на финансиската поддршка од десетина милиони денари е оргомна а се однесува на мал број на корисници. Трето периодот за кој истата ќе важи. Го прашуваме министерот Цветан Трипуновски врз основа на која анализа е донесена ваквата мерка? Дали е дискутирана со подсекторската група и дали наидува на одобрување на производителите и откупувачите? Дали оваа мерка е креација на договор во четири очи и однапред се знае кој ќе ги добие парите?
СДСМ бара Владата да ја поништи оваа одлука веднаш бидејќи е на штета на лозарите и затоа што е основа за корупција, вели Димитриевски.
Побара, Антикорупциската комисија, Обвинителството и сите други надлежни институции за злоупотреба на парите на граѓаните да го испитаат овој, акко што рече, крајно коруптивен скандал и да реагираат.
„Станува збор скандалозен обид за испумпување на државни средства и поигрување со секој вреден земјоделец кој со месеци чека на државната финансиска поддршка. Трипуновски одби да ја објави производствената цена на најзастапените вински сорти Вранец и Смедеревка. Ова одбивање на почитување на Законот донесе срамни откупни цени за трудот на лозарите на сметка на откупувачите. Понатаму го одбија предлогот на СДСМ за носење на закон за доделување на финансиска поддршка од дополнителните 3 денари за предаден килограм грозје.
Нема пари за лозаропроизводителие, нема субвенции за одгледувачите за овци, млекопроизводителите, градинарите, органските производителите и регистрираните земјоделци.
Но очигледно власта има пари да дели и тоа по дополнителите 10 денари по килограм откупено грозје на мал број откупувачи кои дополнително се богатат на маката на лозарите“.
Потенцира дека корупцијата во земјоделството мора да биде запрена веднаш.

