Македонија
Филипче за градоначалникот на Куманово: Секому што му е дијагностициран вирусот мора да седи во изолација
По вчерашното соопштение на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, дека по тестирања во приватни лаборатории увидел дека е негативен на коронавирусот, министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека тоа е поради разликата меѓу времето кога се направени тестовите. Според Филипче, Димитриевски тестовите ги направил помеѓу 17-18 дена, а потоа уште еден по 10 дена, па затоа заклучи дека бил негативен.
„Тестовите се одобрени од СЗО. Има само претпоставки по колку време од тестирањето, на кој се добива позитивен резултат, може некој пациент да е негативен, имајќи предвид дека не се знае колку време претходно бил носител на вирусот. Во конкретниот случај знаеме дека разликата меѓу двата теста е 17-18 дена, со третиот тест дополнителни 10 дена, сосема доволен период за еден пациент да е негативен на тестот“, рече министерот.
Филипче посочи дека секому што му е дијагностициран коронавирусот мора да седи во изолација 14 дена.
„Мерките се имплементираат за да се почитуваат, а зад секоја мерка има медицинска издржаност. 14 дена трае инкубацискиот период. Еве, и ние сме негативни, јас лично немам ни решение за изолација, а седам 14 дена бидејќи во кој било во тие 14 дена може да покаже дека сум позитивен на вирусот. Во таа смисла сметам дека апсолутно секој треба да се придржува до мерките“, рече Филипче.
Во однос на извештајот од ДСЗИ за тоа дали има одговорност кај Димитриевски бидејќи не ги информирал премиерот и министрите дека се тестирал на коронавирус, Филипче рече дека биле утврдени низа пропусти.
„Во наодот на ДСЗИ беа констатирани низа пропусти по што тој беше пратен во МВР за понатамошно постапување. Во таа смисла не би сакал да коментирам“, рече Филипче.
Кумановскиот градоначалник вчера побара да му биде укинато решението за самоизолација од ДСЗИ, но и решенијата издадени на лицата што биле во контакт со него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

