Македонија
СДСМ: По ООН, лагите на ВМРО-ДПМНЕ се демнтирани и од ЕУ
По ООН лагите на ВМРО-ДПМНЕ се демнтирани и од ЕУ, опозициската партија не може да се помири со фактот дека почнуваме преговори со Унијата и станавме членка на НАТО, реагираат од СДСМ, на обвинувањата на Тимчо Муцунски, секретар за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски продолжуваат неодговорно да се однесуваат и да пласираат лажни вести само заради тоа што не можат да се помират со успехот што нашата држава го постигна на меѓународен план за толку краток период. Откако беа демантирани од Обединетите нации, сега добија демант и од Европската унија, од каде јасно порачаа дека едностраната изјава на Бугарија не ги менува заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ за отворање на преговорите, поддржани и од Европскиот совет“, велат од СДСМ.
И во време на глобална пандемија, дпдаваат од партијата, не престанува неодговорното и антидржавно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
„Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ, за само две и пол години, успеа државата да ја врати на европските и евроатланските патеки, добивме датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ, станавме членка на НАТО. ВМРО-ДПМНЕ за 11 години единствено што успеа е да ја изолира државата на меѓународен план, а на внатрешен план станавме заробена држава, во која царува криминалот и корупцијата. Токму затоа лажните вести што ги пласираат ВМРО-ДПМНЕ и Муцунски, за наводни дополнителни услови и пречки во пресрет на отворањето на преговорите со ЕУ и одржувањето на првата меѓувладина конференција, се класични лажни вести на кои никој не верува. Граѓаните добро знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е најголем извор на лажните вести и ќе го ценат таквото однесување на опозициската партија“, се наведува во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

