Спорт
Казни за тие што нема да играат

„Клубовите кои ќе одбијат да играат кога сезоната ќе продолжи ќе бидат казнети“, најави првиот човек на шпанската Ла Лига Хавиер Тебас.
Ла Лига и сопствениците на клубовите се договорија сезоната да продолжи во јуни. На оваа одлука се противат од Асоцијацијата на професионални фудбалери, сметаат дека никој не им ја гарантира безбедноста.
Хавиер Тебас има јасен став тие што нема да играат ќе биде казнет.
„Доколку владата дозволи да продолжи сезоната, а клубовите одбијат да настапат, тогаш ќе следуваат санкции. Секако дека ќе го загубат натпреварот, а ќе сносат и други последици“, рекол Тебас.
„Ако ја прекинеме сезоната ќе изгубиме една милијарда евра. Натпреварите планираме да ги играме без публика, тоа ќе не кошта 300 милиони евра. Работиме на тоа да продолжи сезоната“, заклучил првиот човек на Ла Лига.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вилијамс им кажал збогум на челниците на Атлетик

Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, го информирал раководството на клубот дека се сели во Барселона, пишува „Мундо Депортиво“.
Каталонскиот гигант е подготвен да ја активира откупната клаузула во неговиот договор со тоа што веднаш ќе плати 58 милиони евра и уште четири милиони евра во следната фискална година.
Нико Вилијамс со Барселона ќе потпише договор до јуни 2032 година.
Трансферот ќе биде официјален на 1 или 2 јули, за да може Вилијамс навреме да ги започне подготовките со своите нови соиграчи.
Спорт
(Видео) Челси рутински го реши Есперанс, Фламнго извлече реми со ЛА

Челзи се квалификуваше во нокаут фазата на Светското клупско првенство со убедлива победа од 3-0 (2-0) над Есперанс од Тунис во последното коло од Групата Д.
„Сините“ не дозволија изненадување во натпреварот кој мораа да го добијат. Интересно, секој гол „падна“ во судиското продолжение – два во првото полувреме.
Тосин Адарабијо го направи тоа во третата, Лиам Делап го постигна својот прв гол за Челзи во петтата минута, асистент за головите беше Аргентинецот Енцо Фернандез.
Конечниот резултат го постави Тирик Џорџ во деветтата минута од судиското продолжение, кратко пред последниот свиреж на судијата.
Во исто време, Фламенго го обезбеди првото место на табелата со нерешен резултат против Лос Анџелес од 1:1 (0:0).
И двата гола беа постигнати во финишот од дуелот. Тимотод САД поведе со голот на Габонецот Дени Буанга во 84-та минута.
Гигантот од „Маракана“ го избегна поразот две минути подоцна, поточно благодарение на 20-годишниот Волас Јан, кој го постави конечниот резултат.
Прагматично кажано, иако Фламенго заврши пред Челзи по големата победа во меѓусебниот дуел, прашањето е кој мина подобро.
Во групата Ц, со која вкрстуваат, првото место го освои Бенфика, а второто Баерн Минхен, што значи дека во осминафиналето Фламенго ќе игра против Баерн, а Челзи против Бенфика.
Спорт
Прозингинс повеќе не е играч на Бостон

Репрезентативецот на Летонија, Кристапс Порзингис повеќе не е играч на Бостон Селтикс. Во размена на три тима, Прозингинс заврши во Атланта Хокс.
Бостон Селтикс решија да ги „исчистат“ своите редови и да направат ред во платниот список. Прво во понеделникот го испратија Џру Холидеј во Портланд, а за возврат го добија Енферни Симонс.
Само еден ден подоцна, франшизата од Масачусетс направи нова размена и го испрати Кристапс Порзингис во Атланта Хокс.
Ова беше размена на три тима, при што Порзингис заврши во Атланта со избор од втората рунда, Бостон го доби Жорж Нијанг и избор од втората рунда, а Бруклин го доби Теренс Ман и 22-от избор од првата рунда.
Бостон Селтикс и нивниот генерален менаџер Бред Стивенс завршија фантастична работа.
Со заминувањето на Џру Холидеј и Кристапс Порзингис, тие отидоа под второто даночно ниво и заштедија околу 180 милиони долари на сметка на овие две размени.
Се предвидува дека ќе потрошат 203 милиони долари за плати на играчите следната сезона, а моментално имаат 13 од нив (вклучувајќи играч кој ќе биде избран на овогодинешниот драфт), што значи дека Селтиксите ќе имаат место за уште еден играч на ветеранскиот минимум и да изберат некого во втората рунда.
Да ве потсетиме дека Џејсон Тејтум ќе ја пропушти целата следна сезона поради скината Ахилова тетива. Во преодниот рок може да се очекува Бостон да го напушти Џејлен Браун или Дерик Вајт.