Свет
Возот на Ким Џонг Ун забележан во летувалиште во Северна Кореја

Специјален воз, кој веројатно му припаѓа на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, е забележан оваа недела во одморалиште во земјата, покажуваат сателитските снимки кои ги прегледал проектот за следење на Северна Кореја, со седиште во Вашингтон, во услови на спротивставени извештаи за здравјето на Ким, пренесува Ројтерс.
Проектот за набудување, 38 Север, во својот извештај наведува дека возот бил паркиран на станицата Вонсан на 21 и 23 април.
Иако групата соопшти дека е веројатно возот на Ким, Ројтерс не е во можност да го потврди тоа, како ни тоа дали возот бил во Вонсан.
„Присуството на возот не докажува каде се наоѓа севернокорејскиот лидер, како и за неговото здравје, но би требало да им даде голема тежина на извештаите дека Ким престојува во елитно подрачје на источниот брег на земјата“, се вели во извештајот.
Кина испрати тим во Северна Кореја, вклучувајќи медицински експерти за да помогнат во лекувањето на Ким.
Претходно јапонските медиуми пренесоа дека севернокорејскиот лидер е во вегетативна состојба. Други светски медиуми пак наведуваат дури и дека Ким Џонг Ун е починат.
Шпекулациите за здравјето на Ким првично се појавија поради неговото отсуство на годишнината од раѓањето на основачот на таткото на Северна Кореја и дедото на Ким, Ким Ил Сунг, на 15 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Авион на „Рајанер“ удри во ограда на грчки аеродром, оштетено крилото

Авион „Боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпел оштетување на врвот на десното крило откако удрил во заштитна ограда при движењето на аеродром во Грција. Нема повредени патници или членови на екипажот, а авионот оттогаш е вратен во употреба.
Летот ФР6080 на „Рајанер“ полетал од аеродромот „Станстед“ во Лондон вчера во 9 часот наутро. Иако патниците пријавиле дека доживеале турбуленции за време на летот, авионот безбедно слета на меѓународниот аеродром „Каламата“ во 14:24 часот по локално време.
Ryanair flight FR6080 Right winglet hit a fence at Kalamata airport in Greece during taxiing after landing.
The Boeing 737 aircraft had arrived from London Stansted when the incident happened.
Ryanair spokesperson said the aircraft had landed safely, but as it taxied, "the… pic.twitter.com/4cKoHi5Pk8
— FL360aero (@fl360aero) June 19, 2025
По слетувањето на јужната писта, авионот скршнал од пистата кон платформата. За време на движењето, неговото десно крило удрило во црвено-бела заштитна ограда и застанало. Фотографиите објавени на интернет покажуваат дека долниот дел од закрилата виси лабаво, делумно одвоен од остатокот од структурата.
Свет
Ирански нуклеарен научник убиен во напад во Техеран, тврдат израелските медиуми

Ирански нуклеарен научник е убиен во напад во Техеран, објавија израелските медиуми.
Нападот, според државната телевизија „Кан“ и други локални извори, се случил во иранската престолнина.
Ни Техеран ни Тел Авив сè уште официјално не ги коментирал тврдењата, но Израел и претходно, за време на конфликтот, нападна нуклеарни научници.
Свет
Макрон: Нападите врз цивилите и инфраструктурата мора да престанат, Иран мора да се врати на преговорите

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нападите врз цивили и цивилна инфраструктура во тековниот конфликт меѓу Израел и Иран мора да престанат.
Макрон ја даде изјавата пред новинарите по пристигнувањето на аеромитинг во близина на Париз.
„Франција со денови има јасна и едноставна позиција: нема оправдување за напади врз енергетски објекти и цивили“, рече Макрон.
Тој додаде дека Иран мора да ја покаже својата подготвеност да се врати на преговарачката маса.