Македонија
Пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплата на пензии на шалтерите во банките
Министерството за труд и социјална политика апелира до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплата на пензиите на шалтерите на банките.
„Само со одговорно однесување на секој пензионер може да го заштитиме личното и јавното здравје. Почитувањето на препораките за носење лична заштитна опрема на лицето и држење растојание од најмалку два метра додека чекате во ред пред или внатре во банките, е во интерес на сите нас.
Министерството за труд и социјална политика потсетува дека почнувајќи од утре ќе се врши етапна исплата на пензиите на шалтерите на банките, според висината на пензијата и тоа:
– за пензии до 11.000 денари, исплата во понеделник 27-ми април;
– за пензии од 11.001-14.000 денари, исплата во вторник 28-ми април;
– за пензии од 14.001-18.000 денари, исплата во среда 29-ти април и
– за пензии повисоки од 18.001 денар, исплата во четврток, 30-ти април.
Етапната исплата на пензиите е направена со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.
Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, веќе можат да ги користат парите за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, пензиите можат да ги подигнат на банкоматите на банките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски доби опомена од „Сејф сити“ – возел со 1 километар на час над дозволената брзина
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на Фејсбук објави дека добил порака за сторен сообраќаен прекршок од „Сејф сити“.
„Утрово, движејќи се со своето приватно возило кон Кавадарци каде што денеска се одржува партискиот конгрес, добив смс порака за сторен сообраќаен прекршок констатиран од системот „Безбеден град“, бидејќи сум се движел со 1 км/ч над дозволената брзина. Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата. Системот важи и постапува еднакво кон сите и ако регистрира прекршок – санкцијата следи, без разлика кој е во возилото. Нема исклучоци, нема селективност, нема привилегирани. Управувањето со возило е обврска, не привилегија. Така се гради доверба, така се гради безбедност“, напиша Тошковски на ФБ.
Системот „Сејф сити“ пробно почна да функционира на 1 декември, а официјално треба да биде пуштен во употреба на почетокот на следната година.
Македонија
Томовски: СДС да се извинат за клеветите и измислицитe, посочената компанија не е моја, во моментов немам никаква приватна компанија
„Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија и единствено сум насочен кон мојата работа како директор на Службата за општи и заеднички работи. Целиот мој живот работам чесно, одговорно и посветено, така и ќе продолжам“, реагира директорот на СОЗР, Ивица Томовски, откако СДСМ на прес-конференција утринава обвини дека негова семејна фирма која го менувала името, добила 161 тендери вредни над 5 милиони евра.
„СДС ќе мора да се извини поради изнесените клевети, во спротивно ќе поднесам тужба пред надлежните органи. Власта е одговорност и таму не се доаѓа со пазарџиски финти, клевети. Очигледно тоа е нивната понуда, а народот ќе суди, впрочем како што им пресуди на последните избори. Слободно сите можни институции да проверат сè, а искрено од СДСМ не очекувам извинување затоа што за извинување потребна е доблест и морал, а тоа одамна видовме дека го немаат“, пишува Томовски на ФБ.
Македонија
(Видео) Димитријевиќ: Семејната фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендери за 5,3 милиони евра
Опозициската СДСМ денеска обвини дека семејната фирма на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, која го менувала името, добила 161 тендери вредни над 5 милиони евра.
„Со доаѓањето на ДПМНЕ на власт семејната фирма на Томовски ја зголемила својата деловна дејност за 306%!!! И тоа само во 2024 година. Случајно, им тргнало чистењето на буџетот. Само оваа 2025 година, фирмата добила 10 тендери од речиси половина милиони евра. Сопственик на Сити логистик во мометнот кога е основана е Витомир Томовски од Струга, татко на Ивица Томовски а управител Слободан Кутановски, нивни близок роднина. Потоа се менува името на фирмата, Сити аутсорсинг. Иста адреса, ист единствен матичен број на субјект, само со друго име. За што е Томовски во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата мислам дека на народот му е кристално јасно после ова. Важно фамилијарните бизниси течат. А каде завршуваат парите освен во џебовите на фамилијата Томовски: откриваме наскоро во наредните бомби“, кажа денеска на прес-конференција, Александар Саша Димитријевиќ, член на ЦО на СДСМ.

