Забава
Подготвување вечера, чаша вино и филм од Хичкок – Тејлор Свифт во изолација
Таа обично е во движње – од пишување песни до глума и постојани турнеи.
Но карантинот ја принуди 30-годишната пејачка и текстописец Тејлор Свифт да успори и да најде време за други активности по дома.
Славната поп-ѕвезда, која беше прогласена за изведувач на деценијата и најпродаван изведувач во светски рамки, вели дека сега има доволно време да гледа филмски класици и да подготвува вкусна вечера.
„Сакам да ја поминам вечерта во спремање јадење со чаша вино и евергрин музика,“ изјави таа во разговор со списанието „Пипл“.
Тејлор ги пофали филмовите на мајсторот на трилерот Хичкок и рече дека ужива додека ги гледа. Таа препорача и филм кој вели не смее да се пропушти. „Rear Window („Заден прозорец“) ако не сте го виделе, гледајте го. Во него глуми Грејс Кели, филмот е феноменалeн, и е во режија е на Алфред Хичкок.“
Тејлор неодамна во друго интервју говореше за начините да бидеме конектирани со пријателите и со фамилијата во периодот на изолација.
„Знам дека многу мои пријатели и јас комунициравме на Фејстајм (FaceTime), што секогаш е смешно“, рече таа во интервју за „Сириус Икс-ем“ на почетокот на месецов.
„Мислам дека е навистина важно сите да останеме поврзани затоа што изолацијата не значи дисконектирање со сите, а благодарение на модерната технологија, остануваме во контакт со луѓето, со пријателите. И не мора тоа да биде физички контакт.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Елвир Мекиќ после повеќе од 𝟣𝟢 години повторно запеа и тоа во дует со Пајак, објавена „Негде после два“
По нешто повеќе од 10 години пауза, на сцената се враќа и Елвир Мекиќ – популарниот хитмејкер од 2000-ти години и тоа со заедничка соработка со младиот и популарен пејач и автор Пајак.
Елвир беше еден од најпопуларните пејачи кај нас и потсетува на едно убаво време пред 17 години, времето на најголемата експанзија на македонската поп- музика. И новата песна која е со модерен звук го има стариот вајб со примеси на ретро РНБ 2000-ти.
„Мислам дека направивме добар спој со кој ќе ја опфатиме постарата публика, а Пајак ја има помладата публика. Логично е оние деца кои имаат 15 години да не ме познаваат“, изјави Елвир.
Автор на музиката е Пајак, текстот е на Елвир Мекиќ, но интересно е тоа што текстот на песната е напишан од насловите од најголемите хитови на Елвир како: „Некаде после два“, „Армиија“, „Ич не ме боли“, „Слаба точка“ и др.. Аранжманот миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо.
Спотот е во режија на Гордан Божиновски – Урбан Рекордс продукција. Се снимаше на две локации, во Дајмонд мол, Гурман стрит и Лимак Хотел. Во спотот се појавуваат нашиот познат манекен и фитнес модел Драган Стојчевски и моделот Евгенија Петрушевска.
Елвир со сопругата и синот живее и работи во Сараево, Босна и Херцеговина, но со Македонија освен блиските и пријателите го поврзуваат и работни ангажмани, па така периодот што претстои планира да се посвети и на музичката кариера.
Забава
(Видео) Кафуле стана сензација со понудата да им понуди бесплатно кафе на оние кои влегуваат танцувајќи
Kафуле во Мидлборо, Масачусетс стана вистинска сензација со понудата за бесплатно кафе за клиентите кои влегуваат танцувајќи.
Видеото сега стана вирално на интернет, и предизвика голем број коментари на социјалните мрежи.
Сопственикот на кафулето обајви дека планира еднаш во месецот да се држи до оваа интересна акција.
Забава
Жена од Онтарио го насмеа интернетот со изгледот на нејзината кукла: „Делува возбудено“
На „Тик-ток“ се шири вирално видео во кое Ники Калвер од Онтарио ја покажа својата божикна кукла со детали 18+, што го насмеа Интернетот.
Ники објаснила како ја купила дрвената кукла во продавница за ситни производи за само еден долар. Откако нејзиниот син почнал да си игра со неа, барабанот паднал, оставајќи мало дрвено испакнување на кое бил прикачен инструментот.
„Ова се случи пред една година и уште ме смее“, напиша таа со видеото кое собра два милиони прегледи, но и бројни коментари.
„Не знам што очекував, но не го очекував ова“, „Куклата е без тапан или само си среќен што ме гледаш?“, „Изгледа доста возбудено“, „Ова е многу среќен оревокршач”, „Не би го заменил“ и „Ова ме насмеа“ се дел од коментарите.
Инаку, тиктокерката откри дека во таква состојба ќе ја зачува куклата и можеби ќе стане интересно семејно наследство.